Франс прес: Грците велат дека со Преспанскиот договор власта ја продала нивната татковина
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2019
Договорот со Северна Македонија беше „последната капка“ за гневните грчки гласачи, анализира Франс прес.
Пет месеци по гневните митинзи во поголемите градови против контроверзниот договор за името меѓу Грција и Северна Македонија, оваа тема едвај се забележува во кампањата за изборите на 7 јули, пишува Франс прес.
Но, таканаречениот Преспански договор меѓу Атина и Скопје, со кој беше преименувана оваа поранешна југословенска република по горчлив 27-годишен спор, беше клучна точка за многу гласачи, особено во грчкиот северен регион Македонија.
„По кризата, сиромаштијата, бедата и невработеноста, ова беше последната капка“, вели Христос Бигликудис, жител на Пела, северна Грција.
„Владата нè изневери. Тие ја продаваат нашата татковина“, вели 39-годишниот работник, стоејќи пред кафетеријата што бил принуден да ја затвори поради економската криза.
Зад него, на градскиот плоштад, стои статуа на Александар Велики, еден од најважните воени херои на Грција.
фото Франс прес