25 Април, 2024
0.0308

Франс-Прес со резиме за мандатот на Ципрас: Од несериозен политичар созреа во искрен реформатор

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber


Алексис Ципрас призна дека сака решението за спорот со Македонија да биде негово "најубаво наследство" 

Појавувајќи се пред четири години на европската политичка сцена, како главен противник на штедењето, Алексис Ципрас, кој во средата ја поврати довербата во грчкиот парламент, брзо се претвори во искрен реформатор, решен да направи белег во историјата на Балканот, пишува Франс-Прес, резимирајќи го неговиот мадат пред истекувањето.

Откако Грција се спаси од банкрот и спроведе реформи диктирани од странските кредитори, најмладиот грчки премиер во последниве 150 години одлучно тргна на решавање на 27-годишниот спор со официјално Скопје за името на државата, тврдејќи дека тоа е "историска можност" и да се ризикува за тоа, иако на тој начин ја плаќа цената во сопствените политички редови.

„Ципрас, поранешен комунист, ја искористи можноста пред една и пол година, кога, на местото на непопустливиот Никола Груевски, дојде на власт социјалдемократот Зоран Заев“, пишува АФП.

„Некохерентни“ преговарачки тактики

Преговарање во време на криза за 44-годишниот премиер беше секогаш типично: негов стил. Политичкиот раст беше молњевит - како поранешен лидер на студентите, на возраст од 25 години тој стана генерален секретар на младината на неговата левичарска партија СИРИЗА, на возраст од 32 стана кандидат за градоначалник на Атина, а потоа водач на партијата со 33 пратеници.

Сметајќи дека тој може да ги убеди кредиторите да ги намалат долговите, на Ципрас не му требаше многу време за да ја иритира Европа кога дојде на власт во 2015 година.
Младиот премиер ги донесе своите европски колеги на работ на очајот со неговите "не-кохерентни" преговарачки тактики, кои често се сметаа како "неодговорен".

Германската канцеларка Ангела Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд брзо го убедија да се насочи кон реформите за да се спречи исфрлувањето на Грција од еврозоната.

Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московичи, призна дека го променил своето мислење за грчкиот премиер, откривајќи, по првичната загриженост, "интелигентен и храбар човек", кој стана "одговорен" левичар.

Синот го носи името на Че Гевара

Инженер по професија, Ципрас е роден во предградие на Атина во 1974 година, на крајот на диктатурата на полковниците, која седум години ја прогонуваа левицата.

И покрај силната грчка конзервативна традиција, тој живее неженет со својота партнерка и колешка по професија, со која е заедно уште од средно училиште и е прогласен како заколнат атеист.

Еден од нивните два сина се вика Ернесто, во спомен на Че Гевара, аргентински револуционер на кој му се восхитувал упте од детството.

Во меѓувреме, Ципрас стекна огромна поддршка од европските лидери во врска со решавање на спорот за името со Македонија.

Германската канцеларка изјави дека е "благодарна за одлучноста и псоветеноста" на грчкиот премиер да се постигне договор меѓу Скопје и Атина да се постигне договор кој што, според неа, ќе "има корист цела Европа."

Жестока отпор во парламентот и во јавноста

Но, за да го стори тоа, Ципрас се соочи со жесток отпор - и во Парламентот и во јавноста. За многу Грци името Македонија му припаѓа на хеленистичкото историско и културно наследство и е поврзано со Александар Македонски.  

"Мојата совест бара  од мене да ја искористам оваа историска можност, дури и ако тоа има политичка цена", рече Ципрас за време на жестока дебата пред гласањето за доверба, што беше побарано откако поднесе оставка неговиот коалиционен партнер, министерот за одбрана Панос Каменос.

Спорот околу името на Македонија целосно го блокираше напредокот на Скопје кон Европската унија и НАТО поради грчкото вето.

Преспанскиот договор "најубавото наследство"

Ризикува да ја ослаби владата и да остане без мандат, што теоретски завршува во есен, Ципрас призна дека тој сака да го реши спорот со Македонија и тоа да биде неговото "најубаво наследства“ дури и пред излегувањето од должничката криза.

Минатата недела македонскиот парламент ги одобри уставните измени и сега топката е префрлена во грчкиот парламент за ратификација на Преспанскиот договор.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)