27 Септември, 2024
0.0292

„ФРЧАТ“ ОПШТИНСКИ ОГЛАСИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ - но дали возачите ги знаат законските правила за нивно управување

Објавено во: Македонија 23 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Кој сака да си купи нов тротинет, има големи шанси да поврати дел од средствата што ќе ги плати, односно за тоа да добие субвенција. 

Две скопски општини верќе распишаа јавни повици за субвенции, засега Центар и општина Гази Баба. 

Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на субвенционирана помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет. Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата.

Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16742 или да се обратат на телефонскиот број: 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на жителите кои ќе одлучат да купат електрични тротинети во 2023 година.

Жителите кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија од денот на објавување на јавниот повик до 30 ноември 2023 година, односно до исцрпување на средствата, Општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на електричен тротинетот.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на општината и кои немаат искористено субвенција за купување на електричен тротинет.
Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат.

Линк до јавниот повик:
http://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/ekoloshki-konkurs-denovi-na-proletta-denovi-na-ekologi-a

Инаку, со топлото време, ќе се зголеми користењето на електричните тротинети. Граѓаните некогаш се жалат на возачите, дека возат пребрзо, а има и повредени возачи или граѓани. 

Малкумина ги знаат измените на Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, кои беа поднесени пред неколку години. Со нив се уедува дека возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, што значи дека се забранува движење со тротинет на коловоз. Потоа, возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h, додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час. Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години, а исто така, возачот на електричен тротинет треба да носи кацига на главата за време на управувањето на возилото, потоа, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна. За сите оние кои не го почитуваат законот следуваат казни во висина од 50 до 120 евра во денарска противвредност. 

Можеби ќе ве интересира

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне

СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот