19 Април, 2024
0.0308

Фрчковски грубо го нападна Црвенковски поради неубедливиот став

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Љубомир Фрчковски во гостувањето во емисијата Click Plus го искритикува своевремено својот соработник Бранко Црвенковски дека дал премногу неубедлив став за референдумот на 30 септември и дека не и дал доволна поддршка на актуелната владеачка номенклатура на СДСМ во промовирањето на Спогодбата од Преспа во позитивен контекст и борбата за интегрирање во ЕУ и НАТО.

„Добро е што Бранко Црвенковски го поддржал референдумот и се изјазнал дека ќе гласа „ЗА“. Мене не ми се допаѓа тонот на пораката која во себе содржи ароганција и дистанца кон оваа политичка елита од неговата партија бидејќи таа тоа не го заслужува. Бранко Црвенковски во основа никогаш не се бавел со прашањето на спорот за името. Единствено се занимавал со ова прашање на самитот во Букурешт, кога заедно со Груевски се согласија за „Република Македонија (Скопје)“, но тоа не помина“, рече Фрчковски во вечерашното издание на Click Plus на ТВ 21.

Поранешниот министер во владата на СДСМ која ја предводеше Црвенковски анализира дека нема да има големи и драматични административни, правни и политички последици при имплементирањето на преспанскиот договор во периодот што ќе следува.

„Последиците се несомнено добри за нас. Ние нема да имаме никакви големи драматични последици, иако сега во изјавите се обидуваат да бидат умерени или дека ќе биде тешко. Уствари нема да биде ништо тешко. Ќе има промена кај државните институции кои се поврзуваат со финансирањето од буџетот и го користат името. По договорот тие ќе го користат новото име, со кое на никој начин не го навредува нашиот идентитет“, изјави Фрчковски.

Црвенковски во средата преку писмо истакна дека ќе гласа на референдумот на 30 септември, но не поради Владата и самиот договор, туку затоа што земјата ќе остане нестабилна и нема да бележи развој ако остане надвор од ЕУ и НАТО.


Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне