20 Април, 2024
0.0252

Интервју со Димитaр Вaлков, директор за Југоисточна Европа на Liebherr апарати за домаќинство

Фрижидери со германски квалитет и луксузен дизајн – Liebherr достапни на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Faktor.mk: Што го разликува Liebherr од останатите фрижидери?

Димитaр Вaлков: Нашата компанија постојано ги прати светските трендови и успева на купувачите да им понуди комплетен фрижидер со беспрекорни.

Имаме над 400 модели на фрижидери и ладилници со димензии кои одговараат во сечиј простор во домот или во работната просторија. Дневно се дистрибуираат повеќе од 7.000 висококвалитетни фрижидери и ладилници од фабриките на Liebherr кои се со 100% техничка и визуелна контрола.

Секој производ има гаранција од 3 години со можност за нејзино продолжување до 10 години.

Liebherr како светски бренд произведува широка палета на фрижидери и ладилници, кои се со корисни функции, од мали по големина до такви со свеж центар со 6 различни температурни зони, лед светла, автоматско ладење.

Во текот на годините, Liebherr се стекна со бројни награди од светски познати институции како Red Dot, Plus X, ID дизајн.

Faktor.mk: Вашите фрижидери имаат и карактеристичен дизајн...

Димитaр Вaлков: Да, апаратите се креирани по светски трендови во различни бои, вклучувајќи црна, беж, црвена, сина, зелена, портокалова.

Се нудат и ограничени серии на изданија, во моментов има со креативни дизајнерски налепници, со стикери Art & Piant Art.

Faktor.mk: Каде во Македонија може да се купат вашите фрижидери?

Димитaр Вaлков: Нашата целосна палета на производи може да се погледне или нарача во секоја продавница на Техномаркет. Исто така во моментот кои ги немаме може да се порачаат и погледнат на нашиот сајт home.liebherr.com  кој има опција да изберете за македонски јазик.


Faktor.mk: Каде се произведуваат вашите фрижидери?

Димитaр Вaлков: Liebherr има три фабрики за производство на фрижидери во Европа – во Германија, во Австрија и во Бугарија.

Германската фабрика за фрижидери и ладилници има скоро 2.000 вработени и произведува висококвалитетни премиум линии, самостојни и вградени модели. Годишното производство е 775.000.

Во 80-тите години во Австрија беше основана втора фабрика која вработува 1.300 луѓе и чиј фокус е на апарати за комерцијална употреба и вински ладилници, а годишното производство изнесува 400.000 производи.

Од 2000-та во Бугарија се отвора трета фабрика по ред за домашни апарати за ладење. Годишниот капацитет расте со текот на годините со самиот факт дека 2.000 вработени во текот на една година произведуваат речиси еден милион фрижидери и ладилници. Во Азија имаме две фабрики за локалниот пазар.

Faktor.mk: Како почнува приказната за Liebherr?

Димитaр Вaлков: Liebherr е семејна компанија која стана позната по изумот на само - подигнувачки подвижен кран, основана од Ханс Либхер во 1949 година во Германија.

По големиот успех со пронајдокот на првиот подвижен кран, Ханс Либхер од менаџер на филијали на неговата локална банка дознава за фабриката за производство на фрижидери која била на продажба. Либхер го препознава големиот потенцијал на апаратите. Во тоа време само едно од секои десет домаќинства во Германија имало фрижидер, така што со растечката економија, побарувачката беше во пораст.

Сепак, Ханс Либхер не одлучил да ја купи компанијата, туку наместо тоа изградил сопствени производствени капацитети на локацијата Охсенхаузен во Јужна Германија (во близина на Минхен). Во 1954 година, беше направен првиот фрижидер, а производството на серии започна само една година подоцна.

Денес сме 100% семејна компанија во која втора и трета генерација управуваат со група од над 130 компании ширум светот и имаме вработено речиси 44.000 луѓе. Liebherr International се наоѓа во Буле, Швајцарија и вклучува 11 независни делови. Обртот за 2017 година на групацијата достигна рекордно ниво од 9.845 милијарди евра, од кои 930 милиони се од одделот HAU за домашни апарати.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга