29 Март, 2024
0.0258

ФРЛЕНИ МИЛИЈАРДИ ЗА НИКАКОВ ЕФЕКТ: Додатокот за трето дете оди во историјата

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Поради немањето ефект од мерката која ја воведе поранешната влада, додатокот за трето дете ќе се укине.

Ова се предвидува во законските измени за заштита на децата а по разгледувањето на владина седница кое претстои , одлуката ќе се усвојува во Собранието.

Фактор неодамна пишуваше дека за девет години Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете.

Во истиот тој период бројот на новородени деца паднал. Фактор побара и доби податоци од Министерството за труд и социјална политика. Анализата покажува дека и покрај сумата која е издвоена да се помага родителството на повеќедетни семејства, мерката воопшто не го дала очекуваниот резултат. Од Министерството дури велат дека, ако се сакало да се помогнат посиромашни семејства, тоа не е постигнато затоа што пари добивале побогатите. 

Тогаш од МТСП открија дека се подготвува нов закон но не открија дали додатокот ќе се укине.

Со измените, додатокот за трето дете кој постои безмалку 10 години ќе замине во историјата.

Наместо досегашната пракса надлежните предвидуваат да се доделува  еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Додека за тоа има дилема во јавноста и во Министерството сметаат дека стимулацијата воопшто не била креирана како што треба.

„Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година, но и дека истата била лошо дизајнирана од самиот почеток. Така, на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова“, рекоа за Фактор од Министерството за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?