Г О ОКУПИРААТ САРАЕВО: Koлкав имот поседуваат Арапите во БиХ?
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2020
Арапи во регионот на Сараево купиле 15 милиони квадратни метри земјиште.
Ова го соопшти денеска Центарот за истражувачко новинарство (ЦиН).
Недвижностите, кои само во Сараевската жупанија де факто се во сопственост на граѓани од Блискиот исток и северна Африка, се со големина од 2150 фудбалски игралишта.
Во изминатите седум години, сиот имот е регистриран на 160 компании во сопственост на државјани на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Сирија, Египет, Либија и други земји.
Купувањето на недвижности во БиХ почна во 2012 година.