16 Октомври, 2021
0.0254

ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР: САД остануваат присутни на Балканот, нужна е ЕУ интеграцијата

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Соединетите американски држави (САД) целосно ја поддржуваат европската интеграција на земјите од Западен Балкан и во иднина членството ќе ја зајакне стабилноста на регионот, рече Габриел Ескобар американскиот заменик секретар во Бирото за европски и евроазиски работи кој говореше на самитот на Западен Балкан.

„Секоја земја која влегува во ЕУ носи и свои квалитети и придонесува за Унијата. Овие земји и географски припаѓаат на Европа и се дел од неа. Сакам да биде јасно дека целосната интеграција САД и ЕУ работат заедно и таа борба и заложба нема да престане. Останува да се затворат отворените прашања, да се спроведуваат зацртаните реформи, а во реформирањето Албанија, Северна Македонија па и Црна Гора веќе имаа напредок, рече Ескобар.

Додаде дека сега е вистинска можност да се создадат вистински односи со сите земји во Западен Балкан. Во шесте земји од овој регион живеат 20 милиони луѓе, а сега очекуваат раст од околу пет отсто, па Ескобар смета дека има и многу можности.

„Перспективите и можностите се огромни. И сега амбиентот е многу поразличен споредено со деведестите години. Сепак сакам да уверам дека ние сме присутни во регионот од Дејтон па се досега. Целосно ги поддржуваме европските напори на Албанија и Северна Македонија, сметаме дека и Црна Гора треба да се врати на тој пат, исто така да продолжи и напорот за интеграција на Босна и Херцеговина, рече Ескобар.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Исечен цел ред дрва кај Ист Гејт Мол

Исечен цел ред дрва кај Ист Гејт Мол

Ќе се истражува дали претходно четворицата Руси се затруле во Охрид пред да починат во Албанија

Ќе се истражува дали претходно четворицата Руси се затруле во Охрид пред да починат во Албанија

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

МЗ: Починатиот 22-годишник од Битола немал хронични заболувања

Еден од уапсените во Делчево за давање поткуп бил кандидат за градоначалник

Еден од уапсените во Делчево за давање поткуп бил кандидат за градоначалник

Повикан во полиција откако земал 3.000 денари за глас

Повикан во полиција откако земал 3.000 денари за глас

Пенкалото треба да се дезинфицира по секое гласање

Пенкалото треба да се дезинфицира по секое гласање

СИМУЛАЦИЈА: Како се зголемуваше бројот на смртни случаи во Македонија

СИМУЛАЦИЈА: Како се зголемуваше бројот на смртни случаи во Македонија

Скопјанец ја убил мајка си со остар предмет

Скопјанец ја убил мајка си со остар предмет

Во Струмица ниту еден заболен од Ковид-19 не сакал да гласа

Во Струмица ниту еден заболен од Ковид-19 не сакал да гласа