24 Април, 2024
0.0736

Galaxy S20 FE од утре достапен и во Македонија

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

– Најновиот член на Galaxy S20 серијата, Samsung Galaxy S20 FE, од утре ќе биде достапен во продажба и во Македонија, по цена од 38.999 ден. Овој премиум телефон доаѓа во шест модерни бои – небесно црвена, портокалова, виолетова, зелена, сина и бела[1], а го одликуваат и супер мазниот екран за гледање на содржини, камерата на база на вештачка интелигенција, хипер брзата конекција, како и батерија која што трае цел ден.


Инспирирана од мислењата на своите најверни фанови, компанијатаSamsungпо прв пат произведе паметен телефон токму по нивна мерка. Гласот на Z генерацијата, што често ги диктира трендовите со своите ставови, и тоа како е важен во денешниот свет, а неговото влијание посебно е видливо во индустријата на паметни телефони, кои се најприсутни во нивните животи.


Бидејќи корисниците скоро никогаш не ги испуштаат паметните телефони од рака, посебно е работено на тоа да сѐ, од дизајнот до софтверот на уредот да биде беспрекорно и да одговара на стилот и личноста на секој поединец. Без разлика дали се работи за љубители на фотографии, игри или за оние кои што објавуваат на социјалните мрежи она што ги инспирира, Galaxy S20 FE го нуди она најдоброто. Корисниците сега можат да сликаат живописни фотографии дури и при слабо осветлување, со едноставен допир на екранот, аSamsung дополнително се потруди да може полесно да ги уредувате и споделувате фотографиите и видеата во реално време.

А, како што е генерацијата Z позната по тоа што е исклучително социјално ангажирана и одговорна, Galaxy S20 FE ја има претходно инсталирано апликацијата Samsung Global Goals, и благодарејќи на неа милиони луѓе од над 170 земји се обединуваат околу глобалните цели на Агенцијата за развој на Обединетите нации (UNDP) и компанијата Samsung, помагајќи му на светот да оствари напредок до 2030 година. Благодарение на трудот и ангажманот на обожавателите на Galaxy преку апликацијата Samsung Global Goals, веќе се собрани донации во вредност од над милион долари за програмата на UNDP.


Повеќе информации за почетокот на продажбата на Galaxy S20 FE можете да пронајдете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s20/galaxy-s20-fe/.


[1] Достапноста на бојата може да варира во зависност од пазарот.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка