29 Март, 2024
0.0244

(ГАЛЕРИЈА) Како изгледа секојдневието на Меланија Трамп

Објавено во: Стил 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Додека нејзиниот сопруг има размрднан  јавен живот којшто е постојано под лупа на медиумите, првата дама, Меланија Трамп одбра нејзиниот живот да остане прилично приватен. Таа поминува многу време со својот 12-годишен син Барон, нарекувајќи се себеси "мајка со полно работно време". Откако се пресели во Белата куќа минатиот јуни, Трамп, исто така, презеде многу должности што се бараат од првите дами, од украсување на живеалиштето до планирање на официјални настани. Отстапувајќи од нејзиниот вообичаен распоред оваа недела, првата дама имаше операција во болницата "Волтер Рид" во понеделникот-лекување на  бенигна состојба на бубрезите. Погледнете ги дневните  рутини на Трамп во Белата куќа:


-Меланија се буди во 5:30 часот, во исто време со нејзиниот сопруг. Двојката спие во посебни спални. 

-Потоа таа го подготвува нејзиниот син Барон за училиште, што честопати подразбира проверување дали има напишано домашна работа. Трамп смета дека го воспитува својот син многу добро и строго. Прво подготвува јадење за Барон, а потоа и за неа.

-Трамп секојдневно работи во својот дом, обично наутро. Таа вели дека вежба пилатес, оди наоколу со носење тегови на глуждот и игра тенис.

-Трамп води здрав начин на живот консумирајќи здрава храна. Таа, наводно, јаде седум овошки дневно и често започнува со пилешко или овесна каша за појадок. 

-Во текот на денот, таа понекогаш е домаќин на состаноците на Белата куќа или ги посетува со својот сопруг, вклучувајќи ги и оние со претставници на администрацијата како  и за нејзината иницијатива "Биди најдобар".

-Трамп има тенденција да одржува средби со мали групи луѓе во својата канцеларија во Источното крило. 

-Трамп обично останува надвор од Западното крило и често не се појавува со претседателот Доналд Трамп додека работи - освен ако двајцата официјално не договорат состанок. 

-Кога нема работа, таа поминува многу време со своите родители и син. Нејзините родители ѝ се придружија во Вашингтон, Д.Ц.

-Како дел од нејзините службени должности како прва дама, таа помага да се организираат важни настани во Белата куќа, како што беше  официјалната државна вечера со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Таа постојано сака да се грижи за деталите дома.

-Грилживо работи на својата кампања, постојано посетува училишта и болници за деца.

-Поминува време и со своите родители во викендица во Мајами и не секогаш оди таму придружувана од Трамп.

-Има приватност и живее речиси нормален живот за една таква фигура во јавниот живот.



Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи