(ГАЛЕРИЈА) Отворен ден за граѓаните на Воениот стадион во Градскиот парк по повод Денот на АРМ
Објавено во: Македонија, Галерија 18 Август, 2018
Отворен ден за граѓаните на Воениот стадион во Градскиот парк по повод Денот на АРМ-18 Август.
Поздравувајќи ги присутните, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во својот говор по повод празникот на АРМ рече дека истиот е прилика да им се оддаде почит и признание на жените и мажи-припадници на вооружени сили, за сиот нивен придонес за стабилноста на државата и безбедноста на граѓаните.
„Пред само една година, стоев пред вас во едни незавидни околности. Во околности на запоставена Армија, на неисполнети обврски, нарушен државен имиџ и неизвесни евроатлантски перспективи. Запрени реформи во одбраната, одлагање на сите клучни процеси, преполовен буџет за Армијата и за одбраната, занемарена армија и заборавени припадници“, рече министерката.