(ГАЛЕРИЈА) СО СИЛНА ПРЕГРАТКА: Богов ја предаде гувернерската фотелја
Објавено во: Економија 22 Мај, 2018
И официјално Македонија ја доби првата дама гувернерка која ќе треба да ја управува Централната банка.
Следните седум години, НБРМ ќе биде предводена од првата жена – гувернер, Анита Ангеловска Бежоска која од мнозинството во парламентот, беше избрана за прв човек на оваа, со закон дефинирана, независна институција.
ТРИ СТАНА ВО СКОПЈЕ, АКЦИИ И КРЕДИТ: Каков имот поседува актуелната вицегувернерка Ангеловска-Бежоска и можна наследничка на Богов?
Анита Ангеловска Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.
Ангеловска-Бежоска има деветнаесет години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии.