„Гардијан“: Европските земји предлагаат радикално различен мировен план за Украина од оној на САД
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2025 20:39
Документот ги изоставува некои од проруските точки на Вашингтон и повикува на почитување на суверенитетот на Киев, пишува британскиот весник
Европските земји денес предложија радикална алтернатива на мировниот план за Украина, изоставувајќи некои од проруските точки од оригиналниот документ поддржан од САД и повикувајќи на почитување на суверенитетот на Киев, објавува британскиот „Гардијан“.
Контра-предлогот се појави откако американските, украинските и меѓународните преговарачи се состанаа во Швајцарија. Документот од 28 точки на САД, кој беше објавен во јавноста минатата недела, бара Украина да предаде дел од територијата на Русија, да ја ограничи големината на својата армија и да се согласи да не го гони Кремљ за наводни воени злосторства.
На почетокот на разговорите во Женева, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Украина покажала „нулта благодарност“ за напорите на САД за прекин на конфликтот. Во помирувачки одговор, Володимир Зеленски рече дека е лично благодарен на американскиот претседател за воената помош што ја обезбедил Вашингтон, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, за кои рече дека спасиле украински животи.
Непријателската реторика на Трамп, според „Гардијан“, дојде по збунувачкиот викенд во кој американскиот државен секретар Марко Рубио призна дека планот на Белата куќа потекнува од Москва, само за да инсистира дека САД се авторот.
Затечени од потегот на Вашингтон, европските сојузници на Украина денес го објавија својот план, кој е поволен за Киев. Во него се наведува дека разговорите за територија треба да се водат само откако ќе се постигне прекин на огнот и дека тие треба да започнат од линијата на контакт - постојната линија на фронтот.
Исто така, се наведува дека двете страни би се согласиле за тоа како ќе се следи секое прекин на огнот „под надзор на САД“. За разлика од текстот на Белата куќа, европската алтернатива не го повикува Киев да се повлече од градовите што ги контролира во источен Донбас, ниту го исклучува членството на Украина во НАТО, туку укажува дека во моментов нема консензус за ова, пишува „Гардијан“.
Следат и други впечатливи препораки. Меѓу нив е Русија да ја предаде окупираната нуклеарна централа Запорожје на Меѓународната агенција за атомска енергија, која би го делела производството на електрична енергија 50-50 помеѓу Москва и Киев. Украинската армија би била ограничена на 800.000 војници во мирно време, што е за 200.000 повеќе отколку во американскиот нацрт.
Замрзнатите руски средства би се користеле и за обнова на Украина, наместо делумно да бидат доделени на американски инвеститори. Доколку Москва го почитува „одржливиот мир“, санкциите воведени од 2014 година постепено би се ублажувале, а Русија би се вратила во Г8.
Европските лидери на самитот на Г20 во Јужна Африка во саботата изјавија дека формулата за мир на Белата куќа „треба да се доработи“. Полскиот претседател Доналд Туск денес изрази резерви, велејќи: „Би било добро да се знае кој всушност го напишал планот и од каде потекнува“.
Документот го изготвил Кирил Дмитриев, претставникот на Владимир Путин, заедно со специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф. Шпекулациите засновани на јазикот на документот сугерираат дека можеби е напишан на руски, а потоа преведен на англиски, објавува Гардијан.
Група американски сенатори рекоа дека Рубио им рекол дека текстот не е американски. Тие рекоа дека станува збор за руски документ намерно протечен од Москва, а потоа предаден на Украина од Вашингтон. Рубио подоцна инсистираше дека САД навистина го напишале предлогот, со придонес од Русија и Украина.
И покрај протестите на некои републикански сенатори, Трамп го омекна своето претходно барање Зеленски да го прифати планот до четврток. Зборувајќи во Вашингтон, американскиот претседател рече дека тоа „не е моја последна понуда“, оставајќи простор за значајни промени.
Рубио и Виткоф денес пристигнаа во Женева со американскиот државен секретар за армија, Ден Дрискол, кој разговараше со Зеленски во Киев минатата недела. Тие се сретнаа со украинска делегација предводена од началникот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.
Рубио ги опиша разговорите позитивно, како „многу, многу значајни“. Тимот од Киев претходно разговараше со претставници од Франција, Германија и Велика Британија, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на премиерот Кир Стармаер, Џонатан Пауел.
Европските претставници беа остри во приватните дискусии за американскиот нацрт. Тие велат дека тој го поткопува украинскиот суверенитет и поставува услови за нејзино пристапување кон ЕУ. Тие исто така тврдат дека неговото прифаќање би поставило опасен глобален преседан. Документот, исто така, ја исклучува можноста за француско-британска мировна мисија во Украина и ги ограничува местата каде што можат да бидат стационирани авионите на НАТО.
Еден функционер рече дека Путин се обидува да го врати часовникот 30 години назад, кон старата европска безбедносна архитектура, и да наметне барања поставени непосредно пред неговата целосна инвазија. Рускиот претседател потоа побара повлекување на силите на НАТО кон нивните граници од 1997 година, пред балтичките држави и централна Европа да се приклучат на трансатлантскиот сојуз.
Европскиот контрапредлог ќе биде добредојден во Киев, каде што Зеленски е под огромен притисок да ги исполни барањата на САД, објавува „Гардијан“. Тој минатата недела рече дека неговата земја се соочува со невозможен избор помеѓу предавство на своите национални интереси и губење на клучен сојузник во Вашингтон. „Крвопролевањето мора да се запре и ние мора да се осигураме дека војната никогаш повеќе нема да се разгори“, напиша тој денес.
Олексиј Харан, професор по компаративна политика на Академијата Киев-Мохила, рече дека Украинците со големо мнозинство го отфрлиле документот на Трамп и го поддржале европскиот. „Замрзнувањето на фронтовската линија е тежок компромис за нас, но таков што повеќето би го поддржале“, рече тој, додавајќи дека нема поддршка за давање територија на Русија.
„Никој мировен договор не е за Зеленски. На крајот на краиштата, станува збор за украинскиот народ и нивното разбирање на Украина како нација“, рече тој. „Не можеме да дозволиме сите овие луди точки да влезат во овој таканаречен мировен план на Трамп“.
Фото: Принтскрин/Икс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев





