29 Септември, 2024
0.0279

ГАШИ: Владата на Ковачевски ќе издржи до 2024, имам информации за почеток на преговори

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, смета дека новата Влада во Северна Македонија, која се очекува да биде изгласана овој месец, ќе го заврши својот мандат, до 2024 година, бидејќи според него новата коалиција нема за цел да има предвремени избори.

Гаши, кој од опозицијата премина во владејачката коалиција вели дека влезот на Алтернативата во Владата е во интерес на Албанците и на државата бидејќи Северна Македонија ја чекаат преговори со Европската унија.

Во интервју за КосоваПрес, претседателот на партијата Алтернатива, која со 4 пратеници се очекува да состави мнозинство од 64 пратеници во Собранието вели дека оваа партија била можност за решавање на политичката криза, која според него ќе има последици во државните разговори со Бугарија.

„Доволни се 64 оваа агенда да се носи до крај, особено поради овие предизвици што ги броиме дека ги имаме како држава, но секако во политиката никогаш не можеш да инсистираш или да знаеш што ќе ти се случи утре, тоа се динамични случувања. Ние сме во таков регион, така што не можам со голема гаранција да кажам што ќе се случи, но политичката логика ми кажува дека на ниту еден политички субјект од ова мнозинство од 64 пратеници не му одговараат избори до 2024 година, така што се надеваме и веруваме дека оваа влада ќе издржи дотогаш и ќе се обидеме да направиме што повеќе добро за граѓаните и потоа на избори ќе одлучат да гласаат за нас, да ни дадат доверба или да ни дадат што ќе ни пресудат“, вели Гаши.

Гаши е оптимист дека Северна Македонија оваа година ќе ја одржи првата меѓувладина конференција со Европската унија, што го означува отворањето на преговорите.

„Јас сум голем оптимист знаејќи некои дипломатски детали и преговори кои не се целосно јавни, но и да се базираме на информации од јавен карактер имаме изјава на новиот бугарски премиер кој даде рок од шест месеци, од друга страна имаме актуелниот премиер кој зборува за јануари и февруари, мислам дека ако дојдовме да разговараме два-три месеци, мислам дека спорните прашања што останаа неостварливи или нерешени, мислам дека останаа многу малку. „Затоа, мислам дека 2022 година е многу реална веројатност дека ќе дојде до отворање на преговорите“, вели тој.


Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО