23 Март, 2025
0.0289

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Владата во текот на оваа година планира да ја разгледува можноста за изградба на наменска гасна централа која ќе произведува електрична и топлинска енергија за потребите на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Комплексот клиники веќе има големи долгови, делумно поради купувањето на електрична енергија на клиничките болници од приватни снабдувачи преку тендерски постапки, а се прават и трошоци за купување на природен гас за нивно загревање.

Оваа идеја иако е постара, сега се најде во владината годишна програма за работењето во 2025 како предлог од Министерството за здравство. Треба да биде разгледана како информација на владините седници од ноември па натаму.

Не се споменува колкави би биле трошоците за изградба на оваа постројка, од каде ќе биде финансирана и каде ќе се наоѓа, но пишува дека тоа би било по моделот на јавно-приватно партнерство или ќе се задолжи државната компанија АД ЕСМ да ја изгради когенеративната централа.

- Со овој проект би се овозможило значителни заштеди за здравствениот систем на УК ЈЗУ во Универзитетски Клинички комплекс „Мајка Тереза“ Скопје. Оваа когенеративна постројка ќе овозможи да се направат реални заштеди, а бенефитите од ова би биле во не купување на природен гас за производство на топлинска енергија и намалена цена за електрична енергија, пишува во образложението на владината годишна програма.

Единствена когенеративна централа на територијата на Македонија која работи во моментов е таа на АД ТЕ-ТО во Скопје. Државата има планови да изгради неколку вакви постројки како сигурност за базна енергија, а една од идеите е термоелектраната на мазут ТЕЦ Неготино да се трансформира во таква. Премиерот Христијан Мицкоски веќе изјави дека има заинтересирани инвеститори, но дека тие би работеле под пазарни услови, а не со бенефиции од државата.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека лани клиниките и болниците завршиле во минус од над 75 милиони евра како долгови. Претходно беше обелоденето дека и овие државни субјекти се меѓу институциите кои набавувале електрична енергија која е дури 50 отсто поскапа од пазарната затоа што немаат договори со редовен снабдувач и наместо тоа ја купуваат од ЕВН како продавач во краен случај.

„Ние сме свесни за овој проблем. Тоа го забележавме уште на крајот на минатата година. Тоа се непрофитни организации како училишта и болници,но и комунални претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење и од немање стручен кадар не избрале снабдувач, па купувале од снабдувачот во краен случај. И самите не се запознаени од последиците во непостапувањето, а друга работа е што се оставени на ризик на берзата.“ рече претходно Сања Божиновска, министерката за енергетика.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

„ССМ ПРИЗНАЛ ДЕКА ЈА ЛАЖЕЛ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА МАРКЕТИТЕ КОИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНИ“: „Само прашај“ објави извадоци од прелиминарната фактичка состојба

ДПИ, ДЗС И УЈП КОНТАТИРАЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО: Еве што пронашле на терен

ДПИ, ДЗС И УЈП КОНТАТИРАЛЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО: Еве што пронашле на терен

И ДУРМО ТУРС МЕЃУ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАЈ КОИ ИНСПЕКТОРАТ КОНСТАТИРАЛ НЕПРАВИЛНОСТИ: Еве кои се другите правни и физички лица кај кои имало неправилности

И ДУРМО ТУРС МЕЃУ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КАЈ КОИ ИНСПЕКТОРАТ КОНСТАТИРАЛ НЕПРАВИЛНОСТИ: Еве кои се другите правни и физички лица кај кои имало неправилности

НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

НЕКОИ ИНСПЕКТОРАТИ НЕМААТ ДОВОЛНО ИНСПЕКТОРИ: Има потреба од кадровско екипирање и засилување, вели Николоски

СУПЕРБРЗО МЕТРО ЌЕ ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Откриени се плановите

СУПЕРБРЗО МЕТРО ЌЕ ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Откриени се плановите

БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените