23 Јуни, 2025
0.0316

ГАСОВОДОТ СО ГРЦИЈА ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ: Има надеж дека ќе почне да се гради и во Бугарија, вели Мицкоски

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2025 15:58

Добивај вести на Viber

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирале спецификација, која не одговара на критериумите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за дали се гради гасоводот со Грција и какво значење ќе има за нашата држава.

- Како Влада затекнавме еден проект, којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација, тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат. Поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква што не одговара на критериумите, коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на НОМАГАС и тендерската документација, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за управни работи во Скопје.

Посочи дека оваа тендерска постапка е завршена, потпишан е договор со фирма изведувачи и  во моментов траат градежните активности.

-Се надевам дека многу скоро од денеска сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект, којшто е многу значаен за сите нас, бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот, којшто доаѓа од Бугарија. Овој е двосмерен, а доколку се надевам и дека многу скоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека со изградбата на овие два гасоводи со Грција и Србија, како држава ќе сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гасот од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извознички на гас Азербеџајн, Катар и други земји, кон централна Европа.

-И ние како држава добиваме едно исклучително големо геостратешко значење. Тоа е една од моите лични цели, кои во овој мандат, во овој  четиригодишен прв мандат да ја завршиме, подвлече Мицкоски.

Инаку, Министерството за енергетика, операторот НОМАГАС  и изведувачот „Рапид Билд“ на 7 мај годинава го потпишаа договорот за реализација на проектот вреден 59,9 милиони евра. Интерконекторот од Неготино до Гевгелија кој треба да се поврзе со грчкиот дел што се гради од Неа Месемврија до границата, ќе биде готов за околу две години, а гасоводот ќе биде во функција во 2027 година. Со оваа врска, Македонија ќе може да се снабдува и со природен и со течен гас од терминалите во Ревитуса и Александруполи. Кумановската компанија „Рапид Билд“ ја доби работата на вториот тендер, со понуда што беше за 12 милиони евра пониска од втората најдобра - српска фирма.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

СДСМ КОНТРА МИЦКОСКИ: Државниот долг за две години ќе достигне 12 милијарди евра

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ФИЛИПИНЦИ, ИНДИЈЦИ, КОСОВЦИ: Колку странци работат во Албанија?

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

ЌЕ СТРАДА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: ММФ даде прогноза што ќе донесе зголемувањето на цената на нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

Русија и Ирак во паника: Конфликтот „ја зема“ нафтата

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

АКО САКАТЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТА: Еве како да го побарате и добиете

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

ТРАМП: Ве следам, не ја зголемувајте цената на нафтата

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

(ВИДЕО) МИЛОШЕСКИ ОД АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА: Јас ова што го работам, би го работел и без пари

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Одобрена е првата продажба на запленетиот имот на Мијалков и Груевски, се очекуваат почетни 3,5 милиони евра

Повторно поскапеа горивата во Македонија

Повторно поскапеа горивата во Македонија