25 Април, 2024
0.0286

„Газпром“ ќе покрие повеќе од една третина од светската растечка потрошувачка на гас

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

„Газпром“ го зголеми производството на природен гас за 15,2 отсто или за 58,8 милијарди кубни метри во текот на 10,5 месеци оваа година во споредба со истиот период во 2020 година, што ќе покрие повеќе од една третина од растечката глобална потрошувачка на гас, соопшти руската компанија.

„Повеќе од една третина од постепениот раст на потрошувачката на гас во светот ќе биде покриен со зголемувањето на производството на Гаспром. Компанијата не само што го поддржува доверливото работење на рускиот сектор за гориво и енергија, туку дава и значаен придонес во развојот на глобалниот енергетски пазар“, соопшти Газпром.

Според прелиминарните податоци, потрошувачката на природен гас во светот ќе се зголеми за 150 милијарди кубни метри, односно на вкупно 4.200 милијарди кубни метри.

Најголем раст на побарувачката е забележан во Русија, Кина и Европа, главните пазари на Газпром.

Рускиот гигант потврди и дека не планира да произведува гас од шкрилци, што, како што истакнува, има негативно влијание врз животната средина, бидејќи има докажани резерви на гас на конвенционалните наоѓалишта.

Гасот од шкрилци, кој се произведува со методот на хидраулично кршење на карпите, ќе добие статус на „контаминиран“ извор на енергија како што расте важноста на еколошката агенда, смета Гаспром.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?