19 Април, 2024
0.0379

Гастарбајтер раскажа како неговата жена ја дочекале во Германија: Ова кај нас е незамисливо!

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Марио Б. од едно далматинско градче е само еден во низата хрватски граѓани кои одлучиле да побараат подобар живот во Германија.

Неговата сопруга се отселила во почетокот на август бидејќи успеала да најде работа во болница во Германија, а сега Марио со децата тргнува по нејзините чекори иако во Хрватска има сигурна работа.

Објаснил зошто се одлучил на овој потег.

-Сопругата заврши медицина и специјализација и очекуваше дека нема да има проблеми да најде работа во своето место или Сплит. Бевме оптимисти се додека не сфативме дека овде за неа нема место. Една сабота седнавме, ги земавме документите, пенкало и дигитрон и ја пресметавме предноста на живот во Хрватска и во странство. Пресметката јасно покажа дека овде не можеме да оствариме што сакаме а тоа е пристоен граѓански живот“ - ја почнува приказната Марио.

По специјализацијата неговата сопруга конкурирала на 23 огласи во Хрватска, а само на два добила одговори кои биле негативни. Тогаш, како што раскажуваат, сфатиле дека без роднинско-политички врски работа нема да најде.

-Од година в година е се едното исто, „испливаш“ два месеци и потоа третиот тонеш, па е невозможно да се излезе од тој круг . Знаеме ние дека и во Германија луѓето земаат кредити за своите животни потреби, но каматните стапки се далеку пониски и платите далку повисоки од овие во Хрватска-раскажува Марио.

Му пречи тоа што во Хрватска не се почитува ни трудот, ни луѓето, не се препознаваат квалитетни луѓе кои можат и сакаат да допринесат кон заедницата.

-Овде постојано мораш да бидеш на нечија страна. Зарем морам да изберам за да најдам работа и да живеам како човек?! Овде сѐ се дели и гледа низ поделбата на „наши и ваши“, не се гледа квалитетот, а мене ми е доста од тоа-вели тој.

Раскажал интересна анегдота на својата сопруга која веќе се отселила во Германија.

Само седум дена откако дошла во својот нов германски дом, и стигнала покана од началникот на општината на неделно дружење, на кое доселениците презентирале на кој начин може да се вклучат во заедницата и како и каде можат да волонтираат. Покрај се , и се заблагодариле што се доселила во нивното место и што тука ќе плаќа данок.

-Такво нешто во Хрватска и во регионот е незамисливо-раскажал Марио.



Foto: Profimedia


Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри