24 Април, 2024
0.0360

Газдите биле од Луксембург, а е регистриран за уништување опасен отпад: Кој стои зад стратешкиот инвеститор на Владата „Зока енерџи“

Објавено во: Економија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Кој стои зад неготинската фирма „Зока енерџи солушн увоз“ на која Владата ѝ утврди статус на стратешки инвестициски проект? Компанијата треба да прави фабрика за струја од отпад, а претходно екологистите протестираа против изградбата на овој капацитет во тој регион. 

Телма објави дека зад името на добитникот на оваа стратешка инвестиција стои млад тим од четворица предводен од млад директор со исто така свежо портфолио. „Зока енерџи солушн извоз“ е формирана лани во април со паричен влог од 5 илјади евра. Проект менаџерот Лазе Филипов за телевизијата изјавил дека се ќе биде по европски стандарди и дека се нова фирма затоа што инвеститорот од Луксембург како и сите други што доаѓаат во Македонија прават нови фирми. Сепак, во влошката на фирмата стои дека основач и сопственик е Филип Блажев, а луксембуршката Грин инвестментс никаде не е спомната. Покрај тоа, фирмата е регистрирана за уништување на опасен отпад, иако во новата фабрика ќе се гори комунален и земјоделски отпад до 600 илјади тони годишно.

Според планот, со новата фабрика треба да се уништува комунален отпад од 5 плански региони во државата. Како и колку ќе се заработува, зошто се бара приватна инвестиција, зошто не се гради државна фабрика како што е фабриката во словенечко Целје, пример кој е посочен во неготинскиот проект-засега на овие прашања нема прецизен одговор како и на она најбитното- дали и колку ќе влијае врз здравјето на граѓаните, пишува Телма.

Од Владата соопштија претходно дека Комисијата го разгледала целокупното барање и документација и извршила техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестиционен проект

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата