20 Април, 2024
0.0285

Газдите да си спремат пари за К15, ако не го платат - кривични пријави

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Како наближува крајот на годината, популарниот К15 или регрес за годишен одмор, станува се почеста тема на разговор меѓу работниците. 

Дали и покрај предупредувањата од надлежните, газдите ќе си дозволат да ја избегнат оваа обврска, или ќе ги принудуваат работниците, откако ќе им бидат исплатени, потоа да ги вратат парите од К15. 

Синдикатот најавува дека ќе поднесе кривични пријави за сите работодавачи од приватниот сектор кои не исплатиле регрес за годишен одмор.  

„Ќе почекаме да ги сумираме податоците во јануари и ако имаме поплаки од работниците дека не им е исплатен регрес за годишен одмор за годинава и за тоа нема законска причина, сигурно ќе поднесеме кривични постапки“, изјави претседателот на Сојузот на синдикатите, Дарко Димовски.

Според него, синдикатите немаат податоци кои работодавачи не го исплатиле регресот.

„Побаравме податоци од Управата за јавни приходи и Државниот завод за статистика, но не ги добивме, затоа сме принудени да чекаме членството да реагира“, нагласи Димовски.

Дали компаниите го плаќаат регресот, проверува Државниот пазарен инспекторат. Мината година Владата ја задолжи оваа институција да ги засили контролите за К15.

Од Инспекторатот за Фактор неодамна изјавија дека со или без владино барање, тие ќе ги контролираат газдите.

„И да не не задолжи Владата, контролите дали работодавачите ќе го плаќаат регресот за годишен одмор, ќе бидат во нашиот фокус“, изјави директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу.  

Доколку во одредена компанија се открие дека К15 не е исплатен, првата мерка е компанијата да се задолжи тоа да го стори најдоцна во рок од 15 дена. Инспекторот по тој рок повторно прави контрола дали парите се исплатени, и ако фирмата тоа не го направила, следува казна. Таа ќе го удри газдата по џебот со дури 4.000 евра, или половина од оваа сума ако реши да плати за осум дена. Но, ќе настрада и управителот на фирмата, со 30 отсто од оваа казна. 

Но, што со оние работодавачи кои го исплаќаат регресот, но веднаш потоа бараат работникот да им ги врати парите? Кога вработените ќе се пожалат на овој проблем во Трудовиот инспекторат, оттаму ги советуваат да пријават во МВР. 

„Ние не сме орган кој тоа ќе го утврди. Ние како инспекторат ги гледаме платните списоци и проверуваме дали е или не е исплатен К15. Ако е исплатен, тука работата завршува, бидејќи за нас, тој управител е чист. Ние не можеме да докажеме дека газдата ги барал парите назад. Кога вработените кај нас ќе дојдат да кажат дека газдите им ги барале назад исплатените пари за К15, ние ги упатуваме да одат во Министерството за внатрешни работи или до некои други истражни органи, на пример Финансиската полиција. Бидејќи ние не можеме да им помогнеме“, објасни неодамна за Фактор главниот државен трудов инспектор.

А во законот, покрај казната од 4.000 евра, е предвидена дури и казна затвор од една година за неисплата на К15. Истите казни се наведени и за работодавачите кои бараат од работниците да им ги вратат парите.

Најмала сума на К15 што мора да се исплати е 40 проценти од просечната плата во последните три месеци пред исплатата. Ако компаниите сега го исплатат регресот, најниската сума би била нешто над 10.000 денари, или прецизно 10.058 денари.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите