25 Април, 2024
0.0588

Газдите на „Бизнис мрежа“ повикани на распит во скопското обвинителство

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

По пет години од отворањето на предметот во предистражна постапка, надлежниот скопски обвинител стигна до фазата да ги повика на распит лицата од „Таргет груп“. Централен регистар и МВР против оваа фирма поднеле кривична пријава за упад во компјутерскиот систем и неовластено превземање и препродавање податоци на ЦР преку нивната веб апликација „Бизнис мрежа“.

Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО) повика на распит претставници на „Таргет груп“ по кривичната пријава од Централен регистар (ЦР) и МВР. Тие „Таргет груп“ го товарат за кривичното дело неовластено навлегување во компјутерскиот систем и препродавање податоци. Во овој случај, за кој „Фактор“ пишува во неколку наврати, ЦР го товари „Таргет груп“ за неовластено превземање и препродавање податоци без овластување преку нивната веб апликација „Бизнис мрежа“. Откако ЦР пријавил штета од „Таргет груп“ ОЈО ги превзело следниве мерки:

-Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на предистражна постапка. Информацијата за отштетното побарување од Централниот регистар е доставено до надлежниот јавен обвинител. Јавниот обвинител упати покана за распит до пријавените лица, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување, е одговорот што „Фактор“ вчера го доби од прес-службата на скопско ОЈО.

Од ОЈО за „Фактор“ претходно соопштија дека по пријавувањето на висината на оштетно побарување против „Таргет груп“ ќе зависи квалификацијата на кривичното дело како и можна затворска казна.

Како што досега „Фактор“ пишуваше во неколку наврати, Централен регистар до МВР пријавил незаконитости во работењето на „Тагрет груп“. Од министерството направиле истрага, ги споредиле базите на податоци и поднеле кривична пријава до скопското Основно јавно обивнителство. ЦР пријавил дека  „Таргет груп“, не само што прави кривично дело со упад во системот туку противзаконски превзема и препродава нивни податоци преку платформата „Бизнис мрежа“.

Од ЦР дури наведоа дека во повеќе наврати превзеле мерки да ги заштити другите државни органи и институции, од според нив, злоупотребите на „Таргет груп“. Конкретно, ЦР реагирал во случаи кога државни институции распишувале тендери на кои Таргет Груп ДОО се јавува како економски оператор кој ги нуди податоците кои исклучиво Централен регистар ги води во своите регистри.

При тоа , без исклучок, државните институции реагирале така што по реакцијата на ЦР ги поништувале постапките за набавка на такви услуги на кои се јавувал „Таргет груп“.

Повеќе детали на темата се достапни на следните линкови:

Го гледа ли скопскиот обвинител криминалот што МВР го видел во дата базите на Таргет груп

Како Централен регистар се брани од Таргет груп додека го чека Обвинитеството да реагира

Таргет груп и Бизнис мрежа злоупотребуваат податоци од Централен регистар: Добија кривична пријава

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?