28 Март, 2024
0.0565

ГДУ: Нема натпревар на идеи на политичката сцена

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Интегрална изјава на Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократската Унија:

На средина сме од изборната кампања. Но, за жал, сме разочарани од она на што се фокусираат нашите опоненти. Нема натпревар на идеи. Додека ние зборуваме за реформи, тие се занимаваат само со самите себе. Што всушност понудија таканаречените големи партии за овие избори?

Освен што и едните и другите пукаат „бомби“ или „петарди“ и се кријат зад анонимни пријавувачи или загрижени граѓани, друго ништо ново од нив не слушнавме. Доколку ги отворите програмите и на СДСМ и на ДПМНЕ, таму нема да видите ништо ново. Проектите и она што го нудат е пресликано од претходните програми. Години наназад излегуваат со истите ветувања. И наместо да зборуваат за реалните проблеми кои секојдневно го мачат секој еден од нас, тие се фокусираат на меѓусебни обвинувања, кој бил поголем криминалец, кој повеќе и наштетил на оваа држава. Но и едните и другите се свесни дека на ова дереџе сме дојдени поради нивната неспособност и желба само за сопствено богатење.

И додека секојдневно си го вадат валканиот веш и само се потврдува она што ние постојано го зборуваме дека не им е грижа за граѓаните, институциите ги нема со никаква реакција. Само си ја префрлаат топката и толку. Затоа и довербата во институциите е таква.

Притоа ГДУ нема ништо против да објави се,  со цел да излезе вистината на виделина. Но сме против молкот на институциите, селективноста во постапувањето, неказнивоста.

Но, затоа  на овие избори имаме избор да ги смениме работите на подобро. Да им дадеме црвен картон на СДСМ и ДПМНЕ. На овие избори гласаме за број 7, за граѓанинот против мафијата. Ние имаме кратка, јасна и концизна програма а општеството ќе го промениме преку личен пример!

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов