20 Април, 2024
0.0316

ГДУ: Време е ДУИ да ја пратиме во опозиција!

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Следејќи ги изјавите на самонаречените “големи партии” во последниве неколку дена и нивниот топло-ладно однос во врска со уцената која доаѓа од ДУИ дека следниот премиер на Македонија мора да биде од албанска етичка припадност, би сакале уште еднаш да го повториме нашиот став кој јасно го искажавме уште во првите неколку денови од кампањата – пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, кои сега е веќе извесно дека ќе ги има, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ.

Сметаме дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост.

„Идејата на Али Ахмети е очаен обид на етничка карта да ги искористи гласачите за последен пат да го одржат на власт. Ова е обид за “достојно пензионирање” на Ахмети, чие време на политичката сцена заврши. Наместо да понудат промена на својата структура, нови прогресивни идеи и проекти за иднината на Македонија, за Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Египќаните, Србите и сите останати кои живеат тука, тие се враќаат на националистички реторики со уцени и спотови кои презентираат кадри од конфликтот и тоа темно време за земјата сакаат подмолно да го злоупотребат за политички поени.  Затоа, уште еднаш сакам да потенцирам и да им порачам на сите останати партии - ГДУ нема да прифати владина коалиција со ДУИ, зашто е дел од најголемите криминалните и коруптивни активности во последните 20-тина години кои беа на штета на секој граѓанин на Македонија.“ – вели Даниел Јорданоски, носител на ГДУ во Изборната единица 5.

Овој наш став е и повик до сите други политички партии кои и мислат добро на нашата држава, без разлика дали првенствено им се обраќаат на македонскиот, албанскиот или друг етнички изборен електорат во Македонија – да се придружат на повикот за праќање на ДУИ во опозиција!


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите