General Motors го прекинува најголемиот дел од производството на пикапи
Објавено во: Економија 22 Јули, 2021
General Motors го прекинува најголемиот дел од производството на пикапи за една недела, објави CNN.
Компанијата ќе престане да произведува поголем дел од своите пикап возила со целосна големина за една недела, почнувајќи од понеделник. Тоа е уште еден знак дека автомобилската индустрија продолжува да се бори со целогодишниот недостиг на глобален компјутерски чип.
Големите пикапи и џипови се најпродаваните и најпрофитабилните возила на автопроизводителите. General Motors и другите производители на автомобили се обидоа да продолжат да ги произведуваат, пренасочувајќи го снабдувањето со достапни чипови далеку од помалку популарните возила.
Но, бидејќи варијантата Делта се шири низ целиот свет, рестрикиците се враќаат, носејќи го синџирот на снабдување во поголем хаос.
„Овие најнови прилагодувања водат до привремен недостиг на делови предизвикани од ограничувања на снабдување со полупроводници од меѓународните пазари кои доживуваат ограничувања поврзани со Covid-19“, велат од компанијата.
Очекуваат тоа да биде прашање на краток рок.