Генерал од Русија се заканува дека Британија нема да постои
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2022
Од Русија повторно стигнуваат закани за Британија.
Овој пат рускиот пензиониран генерал-полковник Јевгениј Бужински во програмата во живо на Русија 1 ѝ се закани на Британија со целосно уништување, а потоа рече дека ќе има војна со НАТО. Вели дека ако се случи Трета светска војна, Британија ќе исчезне.
Тој го повика рускиот претседател Владимир Путин да испрати нуклеарно оружје во Калининград. Верува дека Западот сака да ја истисне Русија од Балтикот со тоа што прво ќе го отсече Калининград, а потоа ќе ја одземе таа енклава од Русија. Генералот вели дека Путин треба да го повлече признавањето на Литванија, да ѝ го одземе пристапот до енергенси, а потоа да прибегне кон „воени мерки“. Вели дека Америка „игра со оган“. Русија на 24 февруари ја нападна Украина, и оттогаш се конфронтира со повеќе европски држави. САД и повеќе европски земји ја снабдуваат Украина со оружје.
Фото: скриншот