Добивај вести на Viber
Генерален штрајк започна во Грција на полноќ, поради владината одлука да се изгаси државната телевизија ЕРТ, поради што 2.700 лица останаа без работаТрговските синдикати и сте грчки медиуми учествуваат во штрајкот, а подоцна во текот на денот планираат протест.
Грчкиот премиер Антонис Самарас ја бранел својата одлука, донесена во рамки на мерките за штедење, наведувајќи дека ЕРТ е „симбол на трошење и недостиг од транспарентност“.
Владата на Грција претходно соопшти дека привремено ги укинува државната телевизија и радио, а сингалот од станицата, која како радио постои од 1938 година, а како телевизија од 1966 година, е изгаснат во вторникот наутро.
Новинарите одбија да ги напуштат централите во Атина и Солун, каде продолжуваат протестите со поддршка на повеќе илјади приврзаници, емитувајќи програма преку Интернет и каналот на Комунистичката партија.