19 Април, 2024
0.0284

Генерали инвестмент: Целото портфолио да не е само во акции, обврзници или пари

Објавено во: Финансии 22 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања

Пандемијата продолжува рапидно да се шири во речиси сите земји надвор од Европа. На глобално ниво бројот на заразени од ден на ден поставува нови рекорди иако растот почна малку да забавува. Смртноста сега е помала отколку во март и април, а причините можат да се најдат во фактот дека во просек помладата генерација сега е болна и дека се знае болеста подобро и се третира поуспешно. Затоа мерките што ги преземаат државите не се толку ригорозни како што беа изминатите месеци, но сепак земјите преземаат мерки со кои се враќаат одредени ограничувањата како и ограничени форми на карантин. 

Последиците за економската активност се значителни и веројатно не се вклучени во прогнозите за втората половина на 2020 и 2021 година, но сè уште не постои претеран песимизам кај аналитичарите. Економските податоци што доаѓаат во последните неколку недели сугерираат закрепнување и се подобри од предвидувањата на економските аналитичари. Тие навистина ги намалија очекувањата за време на најлошата паника во пролетта така што сите економски показатели се значително пониски отколку во истиот период лани. Дури и меѓународните односи не укажуваат на чекор напред. Иако Европа изненадувачки продолжува да изгледа релативно кохерентна за поддршка на својата економија со тоа што одобри нов стимулативен пакет од 750 милијарди евра (грантови од 390 милијарди евра и ефтини заеми од 360 милијарди евра) сепак постои голема компликација околу договорот за „Брегзит“, однсите меѓу САД и Кина се влошуваат иако Трамп навести дека не сака брза ескалација на трговската војна во овој момент. На сите негативни ефекти се спротивставуваат централните банки кои продолжуваат со многу опуштена монетарна политика која ги поддржува обврзниците и берзите што носи со себе растечки аномалии. Засега опуштената монетарна политика е најјаката сила на пазарите со кои не е мудро да се претера. Оптимизмот околу вакцината расте како што првите прелиминарни податоци за ефектите излегуваат на виделина и пазарот реагира многу позитивно на сите овие објави.

Опуштената монетарна политика продолжува да биде движечка сила на пазарите и главниот индекс на акции на САД S&P конечно влезе во позитивна територија за 2020 година. Технолошките акции продолжуваат да растат силно и акциите на FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) поставија нови рекорди, иако се чини дека достигнале нивоа за кои ќе бидат потребни многу добри вести за да се движат повисоко. Евалуациите се екстремно високи, но инвеститорите во моментов не се премногу заинтересирани за тоа. По нив следат некои други многу популарни технолошки акции, особено кај малите инвеститори, чии што проценки се уште повисоки, но очигледно ликвидната сила што ја носат централните банки во моментов е далеку најјаката сила на пазарот на капитал. Алчноста целосно го замени стравот за само неколку месеци. Сезоната за објавување на податоци за првиот квартал е во полн ек и рабтењето во првиот квартал е подобро од остро намалените пролетни прогнози. Инвеститорите реагираат позитивно на ова особено во Европа, каде шти очекувањата многу нагло се намалија. Оваа реакција покажува дека психолошкиот одговор во моментот преовладува на берзата, додека самите вреднувања и неизвесната глобална макроекономска и политичка состојба не се многу во фокусот. 

Минатата недела се забележаа кратка корекција на акциите на технолошките компании, додека пак акциите од компаниите од здравствениот сектор и компаниите кои прикажаа добри резултати повторно дојдоа до израз. Кинеската берза претрпе корекција, но компанијата Алибаба најави големо ИПО во висина од 200 милијарди американски долари на финансискиот дел и двојна котација во Хонг Конг и Шангај. На глобално ниво пазарот сè уште е фокусиран на технолошки акции и акции кои се победници во услови на пандемија. Станува збор за главно за е-трговија, за сè што е поврзано со интернет, здравствена заштита, вакцини и зелена односно еколошка енергија.

Совети за инвеститорите

Се придржуваме до веќе презентираните препораки. Одредени индустрии и акции се доста скапи, но со слично скапи обврзници и негативни банкарски инструменти инвеститорите немаат вистинска алтернатива, па затоа не е време за екстреми во портфолијата. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате во акции, во обврзници или пари. Ликвидносната поддршката како за обврзниците така и за акциите продолжува и ги принудува цените да растат. Овој тренд може да продолжи. И покрај добрите податоци ситуацијата на светската економија е сè уште релативно слаба и иднината е нејасна, а политичката неизвесност расте, особено пред изборите во САД. Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро се снаоѓаат во оваа криза и каде вреднувањето не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка и нега, додека делови од технолошката индустрија остануваат скапи. Ве советуваме да имате поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. Инвеститорите кои се изложени кон технолошкиот сектор над просекот, треба да размислат за повлекување на дел од профитот и реструктурирање на портфолиото. Пазарите остануваат непредвидливи и очекуваме да расте волатилноста. Диверзификација на портфолиото е неопходен чекор за намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат во подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат како резултат на сегашниот оптимизам и дополнителните стимулативни мерки, но не се исклучуваат длабоки привремени корекции. 

Многу зависи од развојот на пандемијата и меѓународните односи, кои можат да доведат умерениот оптимизам на пазарите да прерасне во песимизам, што исто така ќе доведе до посилна корекција на берзите. Да не заборавиме дека дури и со првиот бран кога веќе беше повеќе од очигледно дека пандемијата е реална и дека ќе има силно влијание врз економијата, пазарите сè уште растеа во февруари. Трезвеноста дојде во март. Цените на некои акции пораснаа нагло во последните неколку месеци и добивките барем на хартија се големи па можната промена на трендот може да доведе до брза и длабока корекција.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин