29 Март, 2024
0.0262

Генерали Инвестментс: Акциите на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст

Објавено во: Економија 29 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Пандемијата продолжува да го диктира темпото и насоката на пазарите, но делта верзијата и покрај досегашниот раст, не носи толку затворање во Европа како во САД. Сепак, се намалуваат очекувањата за закрепнување и економски раст. Очекувањата за раст на БДП во 2022 година се намалуваат, но засега тие се сè уште релативно високи и го поддржуваат оптимизмот на пазарот. Епицентарот на пандемијата во моментов е во Азија, каде што земјите како Индонезија или Виетнам се сериозно погодени, што резултира со сериозни затворања и ограничувања на јавниот живот.

Проблемот за Европа и САД е главно фактот дека азиските земји се многу важни во синџирите на снабдување, бидејќи многу мултинационални компании ги преместија деловите од своето производство и фабрики во Азија во последната деценија. Ограничувањата, според извештаите на мултинационалните компании, доведуваат до затворање на фабрики, а прашање е дали може да се појави недостиг на пазарот во одредени сегменти на економијата. Ова може да доведе до повисоки цени и дополнителен притисок врз инфлацијата, која некако исчезна од насловите во последните две недели, бидејќи меѓу аналитичарите преовладува вербата дека инфлацијата е минлива.

Покрај пандемијата, Азија се повеќе ја обележува промена на деловното опкружување и редефинирање на правилата на кинеските власти. Последната недела беше забрзано воведувањето на новото законодавство и „дисциплинирањето“на кинеските технолошки компании. Приватното образование и училиштата преку Интернет практично беа укинати за време на викендот, бидејќи тие можат да работат само на непрофитна основа. Во понеделникот, централната влада изјави дека индустријата за испорака на храна треба подобро да ги почитува работничките права и да им плаќа на вработените според локалното опкружување. Промената на правилата „преку ноќ“и следењето на некои други цели освен економските, воведе значителен немир кај глобалните инвеститори. Негативните чувства се шират главно во Азија, но и на другите пазари. Деловните резултати за вториот квартал продолжуваат да бидат многу добри, особено во САД, каде што имаме најмногу објави оваа недела, така што можеме да очекуваме и поживо тргување. Во Европа, има ситуација на микс, но закрепнувањето продолжува.

Американските берзи достигнаа нови рекордни достигнувања, следени од Европа, додека индексите на кинеските берзи се силно навлезени во црвена зона поради промените на политиките и воведувањето на ново законодавство. Кинеските акции, особено големите технолошки компании, загубија помеѓу 10% и 20% за една недела, додека најекспонираните компании, на пример оние од образовната индустрија, ја загубија речиси целата вредност. Ова имаше силно влијание не само на кинеските индекси, туку и на целиот пазар во развој, бидејќи кинеските акции имаат далеку најголема тежин. Негативните чувства исто така полека се шират кон САД и Европа, иако се чини малку веројатно дека ова ќе стане причина за глобална корекција. Меѓутоа, загрижува тоа што деловниот модел на кинескиот економски раст јасно се менува, што може да донесе немир на кинеските берзи на подолг рок. Кинеските акции исто така имаат тежина од околу 5% во глобалните индекси, што има негативно влијание врз глобалните фондови, но сепак тежината не е толку голема за да може значително да се промени протокот на берзите. Одамна верувавме дека корекцијата до 10% нема да биде изненадување, бидејќи пазарите се високи, а годинешните приноси се дури и многу поголеми и во таква средина, корекциите не се нешто вонредно или невообичаено. Меѓу индустриите, технолошката индустрија е повторно во првите редови. Најголемите технолошки компании од групацијата FAANG ќе ги објавуваат резултатите оваа недела, но големите очекувања ги зголемуваат цените. Следат и други малку помали компании од овој сегмент на пазарот. Компаниите кои влегоа во игра заради инфлација, како што се финансии, енергија и делумно материјали, продолжуваат да бидат под притисок. Покрај САД, ЕЦБ исто така објави дивиденди и купување на сопствени акции од банките оваа недела, но тоа не ги подигна нивоата затоа што пониската инфлација се очекува да ги влоши изгледите. Изненадуваат компаниите од индустријата, особено логистиката, транспортот и сè што е поврзано со реновирање и градежни материјали, бидејќи деловните резултати продолжуваат да бидат одлични и следствено на тоа цените се повисоки. Изненадуваат и резултатите на производителите на луксузни производи, кои ги надминуваат прогнозите и засега оправдуваат многу високи вредности. Разочарување донесоа компаниите во секторот за основна потрошувачка, особено храната, каде што комбинацијата на бавниот раст и намалените маржи поради зголемените цени на суровините е најлошата можна комбинација, а инвеститорите реагираа значително негативно. Здравствениот сектор продолжува да работи добро, каде што можеме да очекуваме зголемен интерес за инвеститорите поради поволните проценки. На пазарот на обврзници, гледаме бавен раст на обврзниците, а со тоа и пад на приносот. Германската 10-годишна обврзница е далеку под 0,4%, додека во САД сè уште се држи околу 1,2%. Но, евентуалното ширење на недоверба од кинескиот пазар може брзо да ги поттикне тие приноси на пониски нивоа. Доларот продолжува да се движи нешто под 1,18 УСД за евро, додека цените на нафтата според договорот ОПЕК + кој не ја менува значително структурата на пазарот на нафта, се држат до нивото од само 70 УСД за барел.

Совети за инвеститорите:

Главната улога во диктирањето на насоката на пазарите ја преземаа очекувањата за нивото на каматните стапки, очекувањата за инфлација се намалуваат, а геополитиката или случувањата во Кина, сепак, го додаваат својот удел во промените на пазарот. Акциите на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот засновани на долгорочни трендови, така што нивната привлечност повторно се зголемува. Но, со високи проценки, геополитички тензии и неизвесност за идната политика на централната банка, инвеститорите остануваат претпазливи. Неизвесноста доаѓа со мешањето на кинеските власти во технолошката индустрија и самата структура на пазарот. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација се мизерни, главно негативни и заедно со негативните приноси од банка, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно кон инвестиции во акции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските вредности, особено во пазарните сегменти каде што отворањето на економиите по пандемијата ја зајакнува економската динамика, како што е нафтената и гасната индустрија, или стимулативните мерки од страна на земјите ќе го сменат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, поради инфраструктурните стимуланси и преминот кон „зелена“ енергија. Сепак, можеме да додадеме селективна потрошувачка индустрија, иако претпазливост е потребна со акциите на производителите на луксузни производи, каде што вредностите се многу високи. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивноста, за САД треба поголема претпазливост поради големото учество на ИТ компаниите, а Кина стана крајно ризична поради неодамнешните настани и со тоа помалку атрактивна, бидејќи мешањето на политиката во економијата го отежнува предвидувањето на деловното работење. Заради добрите дивиденди приноси и привлечните проценки за мал дел од портфолиото, нашиот регион од Централна и Југоисточна Европа исто така останува интересен. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во изминатиот период, сега сме во фаза на консолидирање на курсот на промената. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надмине очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди потребно е да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење