29 Март, 2024
0.0351

Генерали инвестментс: Најавите за вакцини носат позитива на пазарот, ама и нестабилност

Објавено во: Финансии 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Нова недела и уште еден нов лек за корона вирусот. Одговорот на пазарот беше позитивен, но со послаб интензитет од оној која настана при првичната најава. Третата недела од ноември исто така помина во позитивна атмосфера на пазарите, иако состојбата во економиите станува сè покомплицирана и пандемијата сè повеќе се заканува. Бројката на новозаразени е рекордно висока на глобално ниво и надминува 600.000 нови случаи секој ден. Бројката на починати на глобално ниво надмина 10.000 на ден за неколку дена. Престанокот на јавниот живот го достигна нивото од пролетта низ цела Европа, а во САД погледите се насочени кон Бајден т.е каков ќе биде неговиот предлог. Предвидувањата за последниот квартал се влошуваат, а првиот квартал од 2021 година веројатно ќе биде полош отколку што моментално се очекуваше. Пазарите кои гледаат малку повеќе во иднината, со нетрпение очекуваат какви било новости за вакцината, што сега се очекува за пролет 2021 година.  Работењето на копаниите во третиот квартал како во ЕУ така и во УСА во голема мера ги надминаа очекувањата, бидејќи се едни од најдобрите во последните 10 години во однос на надминување на очекувањата, но не смееме да заборавиме дека очекувањата беа многу умерени и дека во споредба со минатата година, бизнисите полошо работеа. Како резултат, проценките продолжуваат да растат и се проценува дека акциите се приближно близу до нивоата од 2000-та. Во САД, продолжуваат изборната сага и пребројувањето бидејќи се уште не е објавен победникот, иако веројатноста за некое драматично менување е мала. Најголемата непозната останува пристапот на администрацијата на Бајден кон меѓународните односи кон Европа, Кина, Иран и Русија. Очекувањата се променија многу позитивно, гледаме притисок во рамките на британската влада за да склучи договор за излез со ЕУ. Од другата страна на земјината топка, најголемите азиски земји склучија трговски договор, на кој исто така им се придружија сите сојузници на САД во азиско-пацифичкиот регион, што е многу значаен сигнал.

– Пазарите продолжија да бидат во зелената зона минатата недела, под силно влијание на вестите за очекуваната вакцина и позитивното одвивање на меѓународните тензии. Продолжи силниот раст на компаниите, кои во последните месеци заостануваа далеку зад растот на ИТ т.е. вредносни компании. Инвеститорите истураат парични средства во акции на компании кои се очекува да имаат просперитет во повоениот период (постпандемиски период). Тука се вклучуваат авиокомпаниите, транспортот, туризмот итн. Од друга страна, најголемата корекција ја доживеаја компаниите кои растат силно поради пандемијата со корона, но овој тек е поддржан од бизнисите. Акциите на најголемите ИТ компании т.н. FAANG *, се задржаа високо релативно добро, така што индексите беа во можност да достигнат нови рекордни нивоа како што растеа другите. Alibaba разочара со резултатите, кои заедно со откажувањето на најголемото IPO во историјата резултираа со корекција на ведноста над 15%. Но, кинеските акции забележаа позитивни поместувања поради позитивните очекувања за намалување на тензиите меѓу САД и Кина.

Совети за инвеститорите:

Нестабилноста нагло се зголеми во последните две недели, по изборите и најавите за вакцини. На краток рок, технолошката индустрија најверојатно достигна некој врв со најавите за можна вакцина, особено акциите на FAANG, а вниманието ќе биде насочено кон другите сегменти на пазарот кои заостануваат зад оваа технологија во последните месеци. На долг рок, акциите на компаниите од технолошкиот сектор, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но сепак се скапи, па инвеститорите треба да бидат малку попретпазливи и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите да ги насочат своите инвестиции во акции, а поради позитивниот исход, инвестирањето во акции денес е малку полесно. Но, ние се држиме до општата препорака дека диверзификацијата на портфолиото е неопходна. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите, а интересот на инвеститорите за технолошки акции ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високите проценки, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се уште поатрактивни од денешна перспектива, главно како резултат на значително пониските проценки и промените во очекуваното идно работење на компаниите. Најновите деловни резултати за некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од темел и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи проценки имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, само структурата ќе претрпи мали измени. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, а поголемо учество треба да им се даде на индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, потрошувачка и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии, за кои сепак постои светло на крајот од тунелот. Инвеститорите со долгорочни цели на заштедата треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истатата потребно е да ја распределат во подолг временски период.

* FAANG е кратенка за акциите на петте најпопуларни и најуспешни технолошки компании во САД: Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Alphabet (порано позната како Google).


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап