28 Март, 2024
0.0287

Генерали инвестментс: Октомври – месец на штедење, препорачуваме инвестициски депозит

Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Го одбележуваме месецот на штедењето кој e воспоставен со цел да се информираат луѓето од целиот свет за идејата да ги заштедат своите средства во одреден финансиски продукт со можност за дополнителна заработка.


Зошто секој треба да штеди? Затоа што човек не знае што ќе се случи во иднина. Треба да се заштедат пари за да се подмират трошоци за неочекувани настани или итни случаи. Без заштеди, неочекуваните настани можат да станат големи финансиски оптоварувања. Затоа, заштедите помагаат поединецот или семејството да останат финансиски безбедни.

Најбитно од сѐ е да потенцираме дека без разлика на целта, поентата е средствата да се стават во функција на заработка на дополнителни пари. Иако се чини едноставно на прв поглед, сепак тоа е најважниот концепт кој треба да се разбере.

Нашето Друштво ќе ви помогне во реализирање на инвестициските цели преку пласирање на средствата во финансиски продукти кои се прилагодени на вашите преференции. Ние сме дел од меѓународната екипа со победнички дух – Generali, основана во 1831 година, присутна во повеќе од 50 држави во светот и рангирана меѓу 60-те најголеми компании во светот.

Доколку сеуште не сте одлучиле кој финансиски производ е најдобар за вас, ние ќе ви предложиме таков што ќе ви овозможи низа предности. Следејќи ги динамичните финансиски трендови, со цел да ги интегрираме сигурноста и инвестициите, за месецот на штедењето го издвојуваме нашиот комбиниран производ ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕПОЗИТ во соработка со Стопанска Банка а.д. Битола.

Во услови кога финансискиот пазар се соочува со  намалување на каматните стапки на депозитите, овој производ претставува комбинација од орочен депозит во Стопанска Банка а.д. Битола и инвестирање во фондот Генерали Топ Брендови. Депозитот нуди единствена каматна стапка а делот во фондот е инвестиран во премиум светски компании.

Опис на производот ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕПОЗИТ

Каматна стапка: 3,5%  (МКД) ; 2,4% (ЕУР)

Минимален задолжителен влог: 6.000 денари

Максимален износ: 10.000 еур во денарска противвредност

Карактеристики: Половина од средствата се орочуваат во банка како депозит, а со другата половина се купуваат удели во Генерали Топ Брендови.

Рок на орочување: 36 месеци

Тип на каматна стапка: Фиксна

Предностите што ги нуди Инвестицискиот депозит, којшто е единствен продукт од овој тип на пазарот се многубројни:

  • Можност да остварите повисоки приноси од класичното штедење
  • Професионално и безбедно управување
  • Диверзификација и понизок ризик

Приносот на Генерали Топ Брендови за изминанате 3 години во период 30.09.2018 до 30.09.2021 изнесуваше 20,05% за целиот период.

* Приносот од изминатите години е од информативен карактер и не претставува индикација за очекуван принос во иднина.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка