29 Март, 2024
0.0271

Генерали Инвестментс: Повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Ситуацијата на пазарите се смири. По корекцијата на почетокот на октомври, минатата недела донесе олеснување. Пазарите повторно зајакнаа, а инвеститорите се смирија. Ситуацијата не се промени значително, но намалениот прилив на лоши вести имаше корисен ефект. Главната тема и понатаму е политиката на централната банка и нејзиниот одговор на зголемената инфлација, од една страна и влошувањето на макроекономските податоци, од друга страна. Петочната бројка од американскиот пазар на труд, кога бројот на нови вработени достигна само 194.000 наместо очекуваните 500.000, ги изненади инвеститорите, но во исто време намалувањето на невработеноста укажа дека луѓето во сегашното опкружување не бараат активно работа. Недостатокот на соодветен кадар останува еден од најголемите проблеми за компаниите. Растот на платите може да ги влоши инфлаторните притисоци, кои аналитичарите и централните банкари продолжуваат да ги означуваат како привремени. Но, силниот раст на цената на енергијата и некои суровини сугерира дека повисоката инфлација ќе се одолговлекува барем до пролет и може да биде многу подолга во 2022 година.

Повисоките цени на енергијата и материјалите полека ќе бидат инкорпорирани од компаниите во цените на нивните производи и услуги. Предизвиците остануваат отворени и во логистичките синџири, каде што недостатокот на некои компоненти продолжува, тоа најчесто се полупроводници, но недостасуваат и некои поедноставни компоненти. Цените на енергијата во Европа се забавија и паднаа по изјавата на Путин дека Русија ќе и обезбеди на Европа доволно гас, но остануваат многу нестабилни иако зимата сеуште не е започната. Европските влади делумно прибегнуваат кон ограничување на растот на цените, делумно за да ги убедат луѓето дека ова е само привремено, но се на се не инспирира многу доверба. Енергетските проблеми продолжуваат во Кина во поголем размер отколку во Европа.

Централната влада им наложи на владите на одделни провинции да го зголемат ископувањето на јаглен и производството на електрична енергија во термоцентралите, истовремено ограничувајќи некои енергетски интензивни делови од индустријата. Затоа, на пример многу се зголеми цената на алуминиумот. Накратко, во овој поврзан или глобализиран свет, активностите се поврзани и еден потег може да предизвика проблеми на другиот крај. Колку брзо ќе излеземе од дупката создадена по појавата на корона на економиите и последователниот недостаток поради скокот на потрошувачката, останува отворено прашање.

Сенатот на САД успеа да го одложи прашањето за ограничување на задолжувањето до декември, на сличен начин го одложи и прашањето за пакет од 3.500 милијарди долари за закрепнување на економијата, каде што нема политичка волја по донесувањето досега. Ако на ова се додаде желбата за реформирање на здравствениот систем и близината на американските среднорочни избори до Конгресот и Сенатот, што според анкетите на јавното мислење можат да ги збунат односите на моќта, тогаш оваа година Дедо Мраз навистина ќе биде многу зафатен.

Пазарите на капитал закрепнаа минатата недела. Падот на пазарите на обврзници, а со тоа и растот на каматните стапки на долгoрочните обврзници забави, како и растот на доларот, како резултат на пониските очекувања за затегнување на ликвидноста и намалувањето на идната инфлација. Ќе видиме следниве недели дали и овие очекувања имаат реална основа, но нивната цел досега успеа. Енергетските пазари и понатаму се нервозни, а вниманието се префрли повеќе на нафтата во последните денови, што доведе до цена од над 80 долари за барел, според предвидувањата на ОПЕК +,  за да не се промени прогнозираното производство. Така, енергетскиот сектор останува најпрофитабилниот дел од глобалниот индекс со раст од нешто помалку од 3%, проследен со финансии и стоки за широка потрошувачка. Финансиите остануваат главен избор на инвеститорите, како индустрија која нуди заштита од инфлација и натпросечни приноси во случај на зголемување на каматните стапки. Технологијата се наоѓа во златната средина на  зелената зона на раст. Тука е неопходно да се направи разлика помеѓу технолошките гиганти FAANG и помалите технолошки компании, кои навистина би биле повеќе погодени од зголемените каматни стапки, бидејќи инвеститорите ќе бараат повисоки идни приноси, додека технолошките гиганти ќе го совладаат подемот како и секоја друга компанија. Единствените црвени индустрии минатата недела остануваат снабдување и недвижниот имот. Можеме да ја истакнеме и здравствената индустрија, каде што инвеститорите продолжуваат да ја проценуваат веројатноста за успех во здравствените реформи, а сето тоа го зајакнува негативното расположение во индустријата. На кинескиот пазар, видовме силен скок на берзата, особено технолошките акции, кои беа најтешко погодени во последните месеци. Од една страна, казната за технолошката компанија Meituan од 550 милиони евра беше помала од очекуваната, што инвеститорите ја прифатија како концесија од страна на кинеските власти, од друга страна, некои акции станаа навистина евтини, привлекувајќи инвеститори кои бараат поевтини, но поризични инвестиции. Отскокот беше насилен, но дали ќе биде одржлив останува отворено прашање. Општата проценка е дека регулаторниот притисок од кинеските власти уште не е завршен, така што можеме да продолжиме да очекуваме силни флуктуации на кинеските акции. Но, за трпеливиот и долгорочен инвеститор, тука се отвораат можности за купување. На пазарот на обврзници, приносите продолжуваат бавно да растат. Така американската 10 -годишна обврзница го скрши нивото од 1,6% годишен принос, додека германската обврзница се приближи до нула со негативен принос од -0,10%. Приносите продолжуваат да бидат водени од шпекулациите за инфлација и временски рокови за евентуален пораст на каматните стапки, така што можеме да продолжиме да очекуваме значителни флуктуации.

Совети за инвеститорите:

Насоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста. Технологијата, е-трговијата и акциите на компании за работа од дома се сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст.

Инфлацијата останува нивниот главен непријател. Со високите вредности, геополитичките тензии и неизвесните идни политики на централната банка, инвеститорите стануваат повнимателни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воведува со мешање на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите приспособени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни и заедно со негативните банкарски приноси, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижен имот.

Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Во последните недели, секторите енергетика, снабдување и финансии дојдоа до израз, како заштита од инфлација и се разбира, поради силниот раст на цените на енергијата, што се рефлектира и во нивните биланси. Пониските вредности во здравствената индустрија минатата недела поради обновениот обид за реформа на здравствениот систем во САД ја направија помалку привлечна. Меѓу регионите, Европа се издвојува по атрактивност, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и нејзините пазари во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочни инвеститори. Тешко е да се предвидат деловните активности. За трпеливи долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите приноси од дивиденда и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа.

Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работа од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените и нормите на животната средина и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување на натпросечни приноси.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи