25 Април, 2024
0.0304

Генерали Инвестментс советува: Да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

– Бројката на новозаразени и смртни случаи, од една страна, и подобрените информации за вакцините, од друга страна, продолжуваат да ги кројат движењата на пазарот. Бројот на новозаразените и повеќе од 10.000 дневни смртни случаи на глобално ниво го доведоа светот до ново затворање, слично на пролетта и следствено, повторно во остра контракција на економијата. Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските потешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата. Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели. Расплетот на изборите во САД продолжува да биде од помош, а администрацијата на Трамп полека се подготвува да ја предаде власта. Инаугурацијата се очекува во средината на јануари, а претпоставките за новата администрација не се променети. Збирот на претпоставки, инвеститорите го сметаат за позитивен за пазарот, а реториката на централните банки дава дополнителен импулс. Сè очекува дека ова е светло на крајот од тунелот, така што сегашното затворање на фирмите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се практично лански снег, за кој веќе никој не е заинтересиран. Аналитичарите зборуваат за втората половина на 2021 и 2022 година, кога веќе нема да има пандемии, а се очекува значителен раст на БДП, профитите и деловната активност. Светот се гледа низ розови очила. Но, ова е карактеристика на буквално сите периоди веднаш по изборите во САД. Сè додека ликвидноста е неограничена, веселото расположение на сите пазари ќе продолжи.

– Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои зачекоруваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува. Последните недели парите беа привлечени главно од индустријата, но исто така и од биотехнологијата, услугите (туризам, угостителство, итн.), автомобили, финансии, како и сè што е поврзано со заштитата на животната средина и зелената енергија. Од друга страна, гледаме помал интерес за технолошки гиганти, компании кои служат работејќи од дома и вршат е-трговија, како и компании од прехранбената индустрија и некои фармацевтски гиганти. Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција на најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси. Сепак, растот е резултат на бавното движење на пазарите на Европа, каде што оптимизмот расте во последните неколку недели и покрај силниот застој во јавниот живот, а договорот за Брегзит никогаш не бил толку близу до целта. Договорот ќе отстрани голема пречка или ризик за европскиот пазар, особено од гледна точка на САД или глобалните инвеститори.

Совети за инвеститорите:

Информациите за вакцините и ликвидноста овозможена од централната банка ќе продолжат да ги кројат берзите. На краток рок технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е насочено и кон другите сегменти на пазарот. На долг рок акциите од технолошките компании и компаниите кои вршат е-трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, така што инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции, а поради очекуваните вакцини и состојбата во политиката на САД, инвестирањето во акции денес е нешто полесно. Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорот за технолошки акции ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високи проценки, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, главно како резултат на значително пониските проценки и промените во очекуваното идно работење на компаниите, предизвикани од очекувањата за вакцината. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот  пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи проценки имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравство, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се додаде зачин. Инвеститорите со долги цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија