20 Април, 2024
0.0277

Генерали Инвестментс: Неизвесната есен ветува зголемена нестабилност

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите

Преглед на моменталните случувања:

-Минатата недела видовме брз пораст на бројот на заразените со Ковид-19, буквално насекаде во Европа и САД. Како резултат на тоа, состојбите во економиите на развиениот свет нагло се влошија, бидејќи границите се приближија до нивоата на пролетта оваа година. Поради ова, ограничувањата ќе имаат големо влијание врз економијата во последниот квартал од оваа година и можеме да очекуваме дека мерките веројатно ќе се одолговлечат, барем делумно, во првиот квартал на 2021 година. Услужниот сектор повторно ќе биде најтешко погоден, од кој можеме да очекуваме многу слаби резултати и таму повторно ќе треба да се насочува државната помош. Она што е за очекување е дека стимулативните мерки ќе продолжат во следните месеци или онаму каде што се истечени да се изврши нивно продолжување. Во САД се нудат околу 2.500 милијарди помош, но веројатноста за предизборен договор останува под 50%. На спротивната страна е индустријата каде состојбата е релативно добра, но сепак ќе биде тешко за истата да го задржи ова ниво долго време, поради опаѓачкиот услужен сектор. Светлината на крајот од тунелот ја покажува Кина, каде економијата продолжува да се опоравува, економските податоци се добри и практично нема инфекции, барем според официјалните податоци. Меѓутоа, ако Европа и САД успеат да го ограничат бројот на заразени, закрепнувањето може да биде побрзо од очекуваното. Зачекоривме посилно во сезоната на деловни објави за третиот квартал. Досега, освен во банкарскиот сектор, резултатите се охрабрувачки и претежно позитивно ги изненадуваат инвеститорите. Особено минатата недела се издвои Европа, каде пониските очекувања овозможија поцврсти повисоки резултати, а со тоа и позитивен одговор на пазарите. Но, не можеме да го занемариме најважниот настан оваа есен, а тоа се изборите во САД. Анкетите во моментов предвидуваат победа за Бајден и оваа иформација е вклучена во реакциите на пазарите. Како резултат, акциите поврзани со зелената енергија растат во последните неколку недели, бидејќи се очекува огромна финансиска поддршка за зелените извори на енергија на штета на нафтената индустрија. Доколку победи Бајден, се очекува поголем притисок врз технолошките гиганти кои се монополисти, како и притисок врз поевтин и подостапен здравствен систем. Но, како што е веќе видено многу пати до сега, на крајот, сè заглавува кај финансирањето. Дури и минатите реформите на демократите не ги променија значително здравствените трендови и секоја подлабока реформа ќе има големо влијание особено врз компаниите за здравствено осигурување. Во секторот технологија каде што најголемите сопственици и најбогати луѓе претежно ги поддржуваат демократите, не се очекува брза акција. Така, реално е да се очекуваат најголеми промени во областа на енергетиката. Се претпоставува дека многу од наведеното е веќе вкалкулирано во сегашните нивоа на цени на акции, но некои акции би можеле да се најдат под притисок доколку победи Трамп. Како што знаеме, анкетите беа неверодостојни во последниве години, а американскиот изборен систем, со својата непредвидливост, ја насочува борбата кон неколку клучни држави (Флорида, Ајова, Пенсилванија, Аризона итн.). Како резултат, изборниот исход е понепредвидлив отколку што покажуваат неодамнешните анкети. Пазарот на капитал се осигури минатиот месец дека секој резултат што брзо ќе доведе до јасен изборен резултат ќе биде добар. Да илустрираме со логиката рулет, не е важно дали ќе биде црвена или црна боја, важно е да не биде зелена (нула) каде што куќата ги зема сите облози. Во нашиот случај, „нула“ е нерешен резултат кој што ќе се пренесе кон судовите и уште поголема поларизација на американското општество. Кој и да биде претседател, ќе мора да дејствува многу брзо заради корона кризата, стимулативните мерки ќе биде потребно да се искоординираат и да се донесесат преку Конгресот и Сенатот. ФЕД исто така ќе мора да помогне. Не треба да очекуваме значителни промени во надворешната политика, особено во однос на Кина, но политичката реторика ќе се смири во случај на победа на Бајден, што значи помалку „твитови“ и повеќе активности зад затворени врати. Очекувањата се дека тогаш односот меѓу САД и партнерите или конкурентите, како пред 5 или 10 години, ќе биде илузија.

-Пазарите беа релативно стабилни во текот на изминатата недела. Нема поголеми геополитички поместувања што би го диктирале темпото на пазарите, изборите во САД во моментов не влијаат значително на пазарите бидејќи се воспоставени односите, проценките на пазарот се дека Бајден има подобри можности, затоа наградија одредени сектори (зелена енергија, снабдување, делумно индустрија, итн.) со премии, а други со намалување на проценките (особено енергијата). Деловните резултати беа актуелни минатата недела и пазарот најчесто ги наградуваше акциите на компании кои ги надминаа очекувањата. Добрите резултати би било тешко да се концентрираат на одредена индустрија, но можеме да кажеме дека негативен одговор се имаше главно на акциите на банките, бидејќи одолговлекувањето на новите стимативни мерки  и ниските каматни стапки го засилуваат стравот од силен раст на лошите кредити. Но, најголемиот дел од резултатите допрва следува. Она што може да се заклучи од досега објавените резултати е многу добра работа на компаниите во сегментот на купување преку Интернет, работа од дома, нега и основни стоки за широка потрошувачка. Во последните денови германската автоиндустрија беше изненадена од добрата продажба на електрични возила, што е позитивен сигнал. Повторно, акциите на услужните сектори беа погодени, бидејќи заострувањето на карантините е лошо за бизнисот и инвеститорите бегаат од овие инвестиции. Иако дел од овие инвестиции изгледаат оптички ефтино, сепак проценуваме дека е потребна дополнителна претпазливост со овие инвестиции, бидејќи новиот бран карантини само што започна и нивното траење не е познато.

Совети за инвеститорите:

Повторно ги задржуваме старите препораки. Некои индустрии и акции се многу преценети, но со скапи обврзници и негативни приноси од банкарските производи, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата, бидејќи можеме да очекуваме подобри можности за купување во наредните недели. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолијата. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолијата и да се распределат во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка како за обврзниците така и за акциите продолжува, а интересите на инвеститорите за акциите од технолошкиот сектор се големи, но претпазливоста не е излишна поради високите вреднувања. Исто така, вреди да се погледне надвор од технолошкиот сектор, бидејќи можностите и пред сè значително пониските проценки се појавуваат на друго место. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи проценки имаат тенденција да даваат подпросечни приноси во следната деценија. Состојбите на светските економии се различни и неизвесната есен ветува зголемена нестабилност, а трендот на раст на пазарите, главно како резултат на технолошките акции, може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценти и покрај натпросечниот раст на бизнисот. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние што би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. За трпеливите инвеститори, ова е веројатно време да се зголеми изложеноста кон оние сегменти на пазарот каде што валуациите не се превисоки.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?