21 Септември, 2019
0.0205

Генералот Ангелов демантираше дека е избркан од тетовско кафуле

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2019

Генералот Стојанче Ангелов попладнево на својот Фејсбук профил демантираше дека е избркан од кафуле во Тетово, како што денеска објавија медиумите на албански јазик. 

Ангелов вели дека медиумите ја објавиле оваа информација, без да го побараат за одговор. Тој во својот пост на Фејсбук, објасни што се случило во Тетово. 


Вистината е дека вчера, јас, заедно со генералниот секретар на Достоинство Драган Василевски и еден пензиониран тетовски полицаец Албанец, наш пријател, чиј идентитет го знаеја повеќето присутни Албанци, седнавме на кафе во една од многубројните тетовски кафетерии која се наоѓа во дел населен исклучиво со Албанци. Младиот келнер најпрво на албански а потоа на македонски, праша што ќе се напиеме после што ни ја донесе нарачката. Патем, еспресото навистина беше мало но одлично. Петнаесетина минути подоцна, откако кафето веќе беше при крај, келнерот повторно дојде до нашата маса и не извести дека поради смртен случај во семејството на сопствениците на локалот кафетеријата ќе биде затворена. Набрзина го допив кафето и станавме. Заедно со нас станаа и останатите гости кои беа во локалот. Ја користам оваа прилика да изразам сочувство до семејството на починатото лице кое било близок роднина на Хазби Лика. Во периодот додека бевме во локалот ниту еден од присутните гости не се приближи до масата на која седевме, ниту било кој ни дофрли било што“, напиша Ангелов на Фејсбук. 

Ангелов објави дека ќе покрене приватна тужба за клевета и навреда против оној кој ја објавил веста.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ НА ОДРОНИ: Ако патувате ова утро, еве ја состојбата на патиштата

ВНИМАВАЈТЕ НА ОДРОНИ: Ако патувате ова утро, еве ја состојбата на патиштата

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Студени утра, сончево преку ден

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Студени утра, сончево преку ден

Денеска е Мала Богородица - Рожденство на Пресвета Богородица

Денеска е Мала Богородица - Рожденство на Пресвета Богородица

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови искази за „Рекет“, платите пораснале

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нови искази за „Рекет“, платите пораснале

Продавачка на „Пјер Карден“ повикана на распит за „Рекет“

Продавачка на „Пјер Карден“ повикана на распит за „Рекет“

Талат Џафери го стави ВМРО-ДПМНЕ на тест: Предлог само со уставно име

Талат Џафери го стави ВМРО-ДПМНЕ на тест: Предлог само со уставно име

Обвинение за екс-директорот кој вработил службеничка за протести

Обвинение за екс-директорот кој вработил службеничка за протести

Собранието го одби предлогот да се истражи како се трошеле парите на СЈО

Собранието го одби предлогот да се истражи како се трошеле парите на СЈО

Започна уривањето дивоградби во Охрид

Започна уривањето дивоградби во Охрид