Generali е најдобрата осигурителна компанија според Форбс, сега присутна и во Македонија
Објавено во: Економија 10 Октомври, 2019
Престижната италијанска групација „Генерали“ која од неодамна е присутна и во Македонија е најдобрата осигурителна компанија во светот на последната листа на „Форбс“ и „Статиста“. Од 2.000 рангирани јавни компании, „Форбс“ ги идентификува 250 најдобри фирми од критериумите за доверливост, социјално однесување, квалитет на производи и услуги и третман на вработените, спроведувајќи интервјуа во 50 земји.
„Генерали“ е рангирана на 61.место, повисоко од која било друга голема осигурителна компанија и единствената италијанска марка на списокот заедно со „Ферари“.
„Генерали“ сега е присутен на македонскиот пазар откако КД Фондови стана дел од таа меѓународна Групација. Во посета на Генерали Инвестмент АД Скопје беше и италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео.
„Амбасадорот Ромео имаше интересна средба со Генералниот директор и вработените во Генерали Инвестмент Скопје, каде е присутна престижната италијанска групација „Генерали“, со добри можности за инвестиции, соопштија од Амбасадата на Италија во земјава.