Георгиев за палењето на бугарското знаме: Ова однесување нема да се толерира
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020
Тие луѓе кои ја запалија бугарската тробојка, веројатно го прават тоа, затоа што Бугарија рече „не“ за пристапувањето на с.Македонија во ЕУ во оваа фаза, вели заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев.
„Ова однесување нема да се толерира“, коментира Георгиев за „Bulgaria On Air.
Тој потсети дека Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и нема да се согласи која било држава во претпристапниот процес да ѝ дели лекции на Софија.
„Би било многу жално ако не го завршат патот што по кои сами тргнаа. Ќе имаат многу
важни фази во процесот на пристапување.
Но, ако не ги почитуваат партнерите и земјите што најсилно им подадоа рака, тогаш
тешкотиите ќе се множат”, вели заменик Георгиев за Македонија.
Минатата недела во Скопје беше запалено бугарското знаме.
Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи.
Oд Министерството за надворешни работи најостро го осудија палењето на знамето.