Георгиева тврди дека омикрон ја „кочи“ економијата во светот
Објавено во: Економија 26 Јануари, 2022
Три фактори ја „кочат“ глобалната економија. Светската економија забавува поради САД, Кина и омикрон.
Ова го тврди управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева. Таа за Кристијан Аманпур од CNN International рече дека омикрон доведува до повеќе ограничувања на мобилноста и како резултат на тоа влијае на растот, особено во првите месеци од оваа година.ММФ ја намали прогнозата за глобалниот БДП за 2022 година на 4,4 отсто, за половина поен помалку од октомвриската проценка.