23 Април, 2024
0.0308

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска и во занданата Југославија

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Додека јавноста ја брануваат реакции кои следуваа по потврдата на премиерот Зоран Заев дека зборот бугарски ќе биде отстранет од учебници и споменици каде се споменува бугарскиот фашистички окупатор, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска се јави со сопствен став. Споменува српска окупација.

А еден да напишеше дека пред бугарската фашистичка окупација имаше 23 години српска окупација во Југославија занданата на народите. Во која ние бевме Вардарска бановина а ние јужно србијанци, вели Георгиевски


Премиерот Зоран Заев, вчера рече дека бришењето е еден од чекорите напред во приближувањето кон решение за спорот со соседна Бугарија, поради што Софија го блокираше почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија (ЕУ).

„Никаде во светот фашистичкиот окупатор нема етничка боја. Целта е да се избрише зборот Бугарин, но тој ќе остане фашистички окупатор. Или, ако има одредени провокации кон таа нација, а не кон фашизмот, не можете да кажете дека градите добрососедство“, рече Заев.

Вчера на ова реагираше поранешниот дипломат Ѓорги Спасов.

„Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна како што имало и италијански фашисти и германски нацисти и фашисти. Имало. И тоа е историски факт запишан во сите светски енциклопедии и историски учебници.

Ако на некој споменик во Македонија пишува дека тој и тој народен херој е убиен од бугарските фашисти во време на Втората светска војна тоа не треба да ги навредува Бугарите освен ако сметаат дека за време на Втората светска војна не постоеле бугарски фашисти и окупатори на туѓи територии туку само ‚ослободители и администратори', напиша меѓу другото Спасов кој беше член на СДСМ.

Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук напиша:

„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева. 


Дел од бугарските медиуми ова го оценија како нивна победа. Заев вели дека не смееме цели нации да обвиниме за фашизам. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП