20 Април, 2024
0.0280

Георгиевски признава дека отсекогаш кршел табуа и предлозите ги дал за да одиме напред

Објавено во: Македонија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски премиер, Љупчо Георгиевски смета дека треба да најдеме решение за спорот со Бугарија, затоа што Македонија не треба да изгуби уште две децении. 

Тој ги објасни своите ставови кои предизвикаа реакции во јавноста.  Георгиевски го Отворено на Тв 24 изјави дека отсекогаш кршел табуа од деведесетите години. 

„Јас дадов идејата да излеземе од овој ќорсокак во кој западнавме по ветото од Бугарија, а како што стои и работата и наредната сесија не гледам дека нешто посериозно се случува. Тоа беше една идеја да се стават старо-нови идеи на масата, некои идеи модифицирани и да тргнеме напред“, вели Георгиевски.

Георгиевски верува дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија. Рече дека придавката Северна тој прв ја кажал. Неговите идеи за решавање на македонско - бугарскиот спор ги поздравија во Бугарија. Европратеникот Андреј Ковачев беше задоволен од идеите. 

Но, во Македонија имаше многу реакции, па дури и барање да му се одземе државјанството и да се отвори постапка против него. Ова го предложи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Премиерот Зоран Заев кажа дека искомуницирал со Геогриевски, но и дека тоа е негов личен став. За ВМРО-ДПМНЕ преку Георгиевски власта пуштила пробен балон. Од соседна Бугарија скоро секој ден има првокации. Последно е тврдењето дека во Македонија се малтретирани луѓе кои се декларираат како Бугари. 

Македонија лани не ги почна преговорите со ЕУ поради ветото од Бугарија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите