19 Јуни, 2021
0.0226

Георгиевски се нуди да го „распарчат“ во јавна дебата, Заев се дистанцира

Објавено во: Македонија 01 Март, 2021

Мислењето на Љубчо Георгиевски за решението околу актуелниот македонско- бугарски спор е негово лично мислење. Ние ниту некогаш сме преговарале ниту ќе преговараме за националниот идентитет. Тој е загарантиран со универзалните права и е прашање кое е јасно и недвосмислено, вели денеска премиерот Зоран Заев прашан за коментар околу ставовите кои Георгиевски ги искажа викендов јавно. 

Додека јавноста се разбранува за неговите гледишта, Георгиевски денеска повторно се јави. Вели:

„Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел, напиша Георгиевски.



Георгиевски викендов рече дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.  Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

Заев е категоричен дека ова е само негов став.

Иако Бугарија не признава како народ ни вика да разговараме за минатото. Но за историјата не е потребно да разговораме јас и Борисов или министерката Екатерина Захариева со министерот за надворешни рабтоти Бујар Османи. Тоа е прашање на историчари, постојат решенија. Тие сега имаат избори, знам како е и да им бидеме од помош, рече Заев. 

На констатацијата дека Георгиевски е коалиционен партнер Заев повтори дека тоа  е негов став, не став на позицијата.

Можеби ќе ве интересира

Вредни се како мравки, со години не заминале на одмор, а сега имаат и нова мака

Вредни се како мравки, со години не заминале на одмор, а сега имаат и нова мака

СЕ ВАКЦИНИРАВ ВО ВРАЊЕ - како медицинско лице во Македонија не добив ниту термин за вакциницаија, вели Марија Илиева

СЕ ВАКЦИНИРАВ ВО ВРАЊЕ - како медицинско лице во Македонија не добив ниту термин за вакциницаија, вели Марија Илиева

КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ - Курц и Заев со заедничка констатација

КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ - Курц и Заев со заедничка констатација

АКО СТЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ВО БЕЛГРАД СО АСТРАЗЕНЕКА - таму мора да одите и по втората доза

АКО СТЕ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ВО БЕЛГРАД СО АСТРАЗЕНЕКА - таму мора да одите и по втората доза

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е УАПСЕН - во камион со македонски ознаки во Драч се откриени рекордни 300 килограми кокаин

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН Е УАПСЕН - во камион со македонски ознаки во Драч се откриени рекордни 300 килограми кокаин

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НАЈАВИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ФФМ, вели - репрезентацијата е на Северна Македонија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НАЈАВИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ФФМ, вели - репрезентацијата е на Северна Македонија

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ ДЕКА ЗАЕВ ПРЕДЛОЖИЛ ПЕТ ВАРИЈАНТИ ЗА КОМПРОМИС - Владата демантира, велат, разговаравме за можности

БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ ДЕКА ЗАЕВ ПРЕДЛОЖИЛ ПЕТ ВАРИЈАНТИ ЗА КОМПРОМИС - Владата демантира, велат, разговаравме за можности

КАВАДАРЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ЧЕТВОРИЦА СВОИ СОГРАЃАНИ - едниот и со остар предмет, и завршил во болница

КАВАДАРЧАНЕЦ НАПАДНАЛ ЧЕТВОРИЦА СВОИ СОГРАЃАНИ - едниот и со остар предмет, и завршил во болница

ЌЕ ИМА ЛИ ВАКЦИНИ ЗА СИТЕ, ИЛИ НЕКОИ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ - илјадници Македонци отидоа во Србија

ЌЕ ИМА ЛИ ВАКЦИНИ ЗА СИТЕ, ИЛИ НЕКОИ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ - илјадници Македонци отидоа во Србија