19 Април, 2024
0.0303

Георгиевски: Жал ми е што во Бугарија не го ценат она што Владата на СДСМ го прави

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот македонски премиер, Љупчо Георгиевски вечерва во интервју на Тв 24 кажа дека нашиот пат кон Европската Унија ќе биде малку подолг, но важно е да тргнеме по тој пат. 

„Тука останува чувството дека малку сме изиграни“, рече тој. 

Георгиевски вели дека 30 работи земјава направила во сите овие години за да им се допадне на ЕУ. Ги наведе Договорот од Преспа, помагањето при косовската криза, децентрализацијата и ред други работи. 

Изјави дека Франција не е единствена виновна за одбивањето Македонија да добие датум за преговори. 

За условите од Бугарија, рече дека бугарските политичари како да се тркаат во својата ароганција кон Македонија. Вели дека тонот и стилот кој го наметнуваат повеќе може да наштети. 

„Жал ми е што структурите во Бугарија не го ценат она што Владата на СДСМ го прави за да ги омекне работите, не знам како ќе заврши приказната“, рече Георгиевски. 

Тој изјави дека „малиот Шенген“, би бил губење на време. 

Вели дека ќе трошиме енергија, капацитети, па и пари на почеток, но реално нема што да добиеме. 

Георгиевски вели дека пред 10 години оваа иницијатива би била добра за земјава, но не и сега кога се стремиме да преговараме со Европската Унија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?