Германците пишуваат за отровниот воздух во Македонија
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2020
За загадениот воздух во Македонија и на Балканот пишуваат и германските медиуми.
Тие пишуваат за „густ, отровен воздух“ на Балканот, за зимски смог кој предизвикува смрт на повеќе илјади луѓе годишно.
Босна и Херцеговина е европски првак по бројот на смртни случаи поради загаден воздух, а на светско ниво е на второ место, зад Северна Кореја. Просечно во текот на една година во БиХ умираат 230 луѓе на 100 илјади жители како последица од загадувањето. Во Германија- 32,5 лица на 100 илјади жители.
Скопје денеска е 28-от најзагаден град на светот. Во земјава денеска единствен високо загаден град е Тетово. Сараево и денеска е 4-ти најзагаден град во светот.
Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека 22 отсто од луѓето ширум светот живеат во градови кои не ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО.