Германците создаваат своја вакцина: Во тек се клинички испитувања на компаниите КуреВак и Баер
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2021
Германската фармацевтска компанија КуреВак го регистрираше Баер како партнер за својата експериментална вакцина против ковид-19, која сега е целосен проект на Германија и во моментов е во крајната фаза на клинички испитувања.
Овој потег сведочи за напорите на Германија да произведе домашна вакцина, откако локалниот ривал БиоНТек се здружи со американскиот производител на лекови Фајзер за производство на вакцината противКовид-19, која веќе е во употреба ширум светот, пишува Ројтерс.
Баер ќе ја обезбеди својата експертиза и ќе воспостави инфраструктура во области како што се клинички операции, регулаторни работи, медицински информации, перформанси на синџирот на снабдување и поддршка во избрани земји.
Портпаролката на Баер изјави дека тие засега ќе играат улога во поддршката на производството и дека во текот на првиот квартал ќе одлучат дали ќе произведат вакцина за КуреВак.
Foto Tanjug-AP