ГЕРМАНИЈА БАРА ЕКСПЕРТИ: „По новиот закон граѓаните на Западен Балкан се привилегирани“
Објавено во: Економија 18 Август, 2019
Штефан Мајер, секретар во МВР на Германија, за DW зборувал за новиот закон и како да се постапува кога ќе стапи на сила, а уште ќе биде на сила правилото за Западен Балкан.
-Во фокус на законот за доселување на квалификувана работна сила се експерти, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ“ , вели Мајер, пренесе Б92.
Според негови зборови, во многу сегменти е забележан недостиг на експерти и затоа ќе се овозможи доселување во Германија заради вработување - како и доаѓање со цел потрага за работно место за стручна обука. Со овој закон за прв пат се воведува единствен поим експерт односно квалификуван работник.
Во иднина повеќе нема да се применува правилото по кое предност при вработување имаат државјани на Германија или некои други земји од ЕУ. Исто така се укинува и листата на таканаречени дефицитарни занимања така што сите групи вработени ќе се третираат на ист начин.
На некој начин, граѓаните од западен Балкан се привилегирани, рекол тој за DW.
Кој ги исполнува условите за доселување по двата облика може да го избере она кое за него е посоодветно. Ако некој пак не ги исполнува барањата за доселување по новиот закон тогаш за таа личност секогаш постои можност за доселување во Германија на основа на правилата за западен Балкан.
Правилото за вработување на граѓани од западен Балкан содржи и можност за вработување и полуквалификувани и неквалификувани работници. И тоа довело до тоа за неквалификуваните работници обработката на податоци да трае толку долго.
-Не би рекол дека во сите претставништа ќе дојде до гужва и застој - бидејќи новиот закон целно им се обраќа само на квалификуваните работници-истакнува Мајер.
-При оваа прилика меѓутоа сакам да напоменам дека низ мерката за вработување граѓани од западен Балкан во Германија дошол голем број полуквалификувани и неквалификувани и најголем дел повозрасни работници. Тоа буди страв дека Германија би можела да биде соочена со дополнително оптеретување поврзано со пензијата на овие работници-додал Мајер.