ГЕРМАНИЈА БАРА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Еве колку се спремни да платат
Објавено во: Економија 13 Декември, 2019
Германските клиники се спремни да платат до 15.000 евра за да доведат медицинска сестра од Балканот.
Доведуваат по илјада секоја година. Посредниците се подготвени да бараат кадри, за да ги добијат парите.
Невена Пејиќ која работела во хотел во Белград, вели дека откако отишла во Германија, учела јазик, имала обезбедено сместување, храна.
„Доаѓаа од различни краеви, доста имаше и од Македонија“, вели таа.
Додава дека балканскиот очај и потребите во Германија отворија шанси, но има и измамници кои нудат работа.
Во март оваа година 50.000 луѓе од Балканот работеле во медицинскиот сектор во Германија.
Тоа е за 6.500 луѓе повеќе од лани.
Голем дел се од БиХ, Србија, Косово, Албанија, Македонија.
За пет години во Германија ќе бидат потребни 200.000 негуватели.