Германија ја има најголемата инфлација по скоро три децении
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021
Инфлацијата во Германија го надмина прагот од 5 отсто. Тоа е највисока инфлација по речиси три децении. Цените во Германија овој ноември се зголемени за 5,2 отсто во однос на истиот период лани.
Еврозоната сега е во најбрзoрастечката инфлација од воспоставувањето на единствената валута кон крајот на 20 век.
Потрошувачките цени во регионот од 19 земји се зголемија за 4,5 отсто во ноември, според просекот од 40 проценки во истражувањето на „Bloomberg“. Тоа е најбрзо од финансиската криза во 2008 година.