19 Април, 2024
0.0262

Германија ќе излезе од Шенген зоната?

Објавено во: Свет 18 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Новиот  министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер сака контролите на германските граници да ги задржи на неодредено време и да ги прошири и на останатите премини, со што Германија практично би излегла од Шенгенскиот систем. 

Ова го објави денеска Велт ам зонтаг.

„Контролите на границите кон соседите мора да бидат толку долго на сила сѐ додека Европската Унија не успее да воведе поефикасна заштита и контрола на надворешните граници. Но не гледам дека тоа во догледно време може да ѝ успее“- изјави Зехофер од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ). 

Тој воедно најави дека контролите би требало да бидат проширени и на останатите германски гранични премини.

„Во моментов не се многу гранични премини во Германија трајно контролирани. Мора да зборуваме за тоа дали така може да остане. Не станува збор само за спречување на нелегалните преминувања на границата туку и за останатите заштитни функции“ - кажа Зехофер.

Во моментов Шенгенскиот систем на германско барање е укинат на германско-австриската граница и на барање на Данска на германско-данската граница.

Зехофер се заложи и за системско протерување на лицата на кои им е одбиено барањето за азил. Тој побара засилување на персоналот во судовите кои одлучуваат за азил и протерувања и им вети помош на сојузните држави во процесот на протерување на лицата за кои не постои правна основа за престој во Германија.

Новиот министер за внатрешни работи на Германија и доскорашен премиер на Баварија се залага и за промена на односот кон источните членки на ЕУ кои одбиваат да примат емигранти.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените