20 Април, 2024
0.0330

Германија ќе стане муслиманска држава во 2050 година?

Објавено во: Свет 20 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Муслиманите наскоро би  требало да ја преплават Европа, а исламот најверојатно ќе стане најбројна религија во светот. 

„Европа загинува!" - оваа мрачна прогноза постојано се врти на интернет. Вакви информации за исчезнување на христијанскиот свет се шират на Фејсбук, Твитер, Јутјуб. 

„Притаена исламизација на Европа", вака се вели во едно видео на Јутјуб кое се врти веќе неколку години. Видеото изобилува со тврдења, ниедно од нив не може да биде докажано.

Едно од нив, на пример, гласи: „90% од прирастот во Европа по 1990 година се должи на мигрантите-муслимани." Целосни глупости, вели Рајнер Клингхолц, шеф на германскиот Институт за население и развој. Прирастот всушност се должи главно на тоа дека во Европа бројот на новороденчињата е повисок од бројот на починатите, појаснува демографот. 

Освен тоа тешко може да се пресмета бројот на мигрантите-муслимани во Европа, бидејќи во официјалните регистри нема податоци за верската припадност. 

Статистички податоци кои ги дава институтот „Пју" во Вашингтон изнесе  заклучок дека меѓу 1990 и 2010 година бројот на муслиманите во Европа се зголемил од 29,6 милиони на 44,1 милиони евра, што во проценти значи дека вкупниот удел во европското население се зголемил од 4,1 на 6%. Ако од овие броеви се направи прогноза за 2050 година, таа ќе покаже дека тогаш процентот на муслиманите меѓу европското население ќе биде меѓу 8,4 и 10,2%. 

Во едно видео се вели дека во 2050 година Германија треба да биде муслиманска држава.

Институтот „Пју" наведува дека во 2050 година муслиманите во Германија ќе бидат максимум 10% од населението.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат