Големата европска сила пресече: Нема шанси за нов договор за Брегзит
Објавено во: Свет 18 Јуни, 2019
Германија нема да прифати никакви британски обиди за промена
на условите за излегувањето
на Велика Британија од Европската унија. Ова го најави германскиот министер за
европски прашања Мајкл Рот, пренесуваат
медиумите од регионот.
„Не гледам никакви шанси за повторни преговори на пакетот, договорот за излез е договор за излез, јас не гледам никаква желба за започнување на нови преговири во рамките на Европската унија“, коментира Рот.
Во обид да ја спроведе одлуката на британските избирачи од референдумот во 2016 година, Тереза Меј склучи договор за излез со ЕУ во ноември 2018 година, по две години на тешки преговори. Но британските пратеници го отфрлија со три гласови.
Безбедносниот механизам предвидува дека ако Велика Британија излезе од ЕУ без сеопфатен договор, таа останува во рамките на привремена единствена царинска територија со Заедницата, додека Северна Ирска се придржува кон одредени правила на единствениот пазар на ЕУ.