09 Декември, 2023
0.0334

ГЕРМАНИЈА САКАЛА ПУТИН ДА ЈА ПРЕГАЗИ УКРАИНА: Некој лаже, или Борис Џонсон или Берлин

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебстрајт, рече дека Борис Џонсон има „свој однос со вистината“ и го опиша тврдењето на поранешниот британски премиер дека Германија се надева на брзо предавање на Украина на Русија како „целосна глупост“.

Џонсон во понеделникот за Си-Ен-Ен изјави дека германската влада првично мислела дека „би било подобро целата работа да заврши брзо и Украина да се предаде“.

„Знаеме дека многу забавниот поранешен премиер секогаш има свој однос кон вистината“, рече Хебстрајт на прес-конференција во Берлин, додавајќи дека Џонсон „не се однесувал поинаку во овој случај“.

На прашањето дали ќе го нарече Џонсон лажго, Хебстрајт повтори:

Мислам дека можам да го потврдам ова од прва рака, бидејќи учествував во разговорите со тогашниот британски премиер во Минхен само неколку дена пред почетокот на војната. Имено, тој секогаш има многу личен пристап кон вистината.

Да потсетиме, Борис Џонсон за CNN тврдеше дека Германците сакале брз пораз на Украина. Германскиот став беше дека конфликтот ќе претставува катастрофа и дека најдобро би било сè да заврши брзо, рече поранешниот британски премиер.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека Франција првично „ја негираше можноста за руска инвазија на Украина“ и ја обвини германската влада дека фаворизира „брз украински воен пораз“ во однос на долготрајниот конфликт.

Џонсон во понеделникот за Си-Ен-Ен изјави дека ставовите на западните земји значително се разликуваат пред Москва да започне специјална воена операција во Украина на 24 февруари, издвојувајќи три водечки земји од ЕУ во коментарите кои веројатно нема да бидат добро прифатени во главните градови на Европската унија. Џонсон изјави и дека земјите од ЕУ подоцна брзо се солидаризирале со Украина и сега и даваат солидна поддршка, но дека тоа не било случај пред почетокот на конфликтот во Украина.

– Тоа беше голем шок... можевме да видиме како Русите собираат војници, но различни земји имаа многу различни агли на гледање – рече Џонсон.

- Германската гледна точка во еден момент беше дека ако тоа се случи, тоа ќе претставува катастрофа и дека ќе биде подобро ако „целата работа заврши брзо“, тврди Џонсон, наведувајќи ги „секакви здрави економски причини“ за тоа. приод. - Не можев да поддржам, мислев дека е катастрофален начин.

Но, можам да разберам зошто мислеа така – продолжи Џонсон. Германија брзо се обиде да го намали своето потпирање на „руската енергија по инвазијата на Москва“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРБИНКА ЈАДЕЛА ВО РЕСТОРАН КАДЕ ВЕЧЕРА ЧИНИ КОЛКУ СТАН ВО БЕЛГРАД - ја служел Нусрет лично, а еве како поминала кога го изнел главното јадење

СРБИНКА ЈАДЕЛА ВО РЕСТОРАН КАДЕ ВЕЧЕРА ЧИНИ КОЛКУ СТАН ВО БЕЛГРАД - ја служел Нусрет лично, а еве како поминала кога го изнел главното јадење

НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

ПУТИН ТРГНУВА ВО ПОХОД НА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - дали ќе има противкандидати? ЕВЕ ШТО ПОРАЧА НАВАЛНИ

ПУТИН ТРГНУВА ВО ПОХОД НА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - дали ќе има противкандидати? ЕВЕ ШТО ПОРАЧА НАВАЛНИ

ТРОШЕЛ НА ЕСКОРТ ДАМИ, ДРОГА И АВТОМОБИЛИ - на синот на Џо Бајден му се заканува казна од 17 години затвор

ТРОШЕЛ НА ЕСКОРТ ДАМИ, ДРОГА И АВТОМОБИЛИ - на синот на Џо Бајден му се заканува казна од 17 години затвор

МИ ДАВАА ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ: По 35 години јас уште сум тука, а имав само пет отсто шанси да го победам ракот

МИ ДАВАА ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ: По 35 години јас уште сум тука, а имав само пет отсто шанси да го победам ракот

ОРБАН НЕ ОТСТАПУВА: На состанокот на Европскиот совет треба да се воздржиме од приказната за членство на Украина во ЕУ

ОРБАН НЕ ОТСТАПУВА: На состанокот на Европскиот совет треба да се воздржиме од приказната за членство на Украина во ЕУ

EКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ТУНЕЛ ВО ГАЗА: Загина синот на израелски министер

EКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ТУНЕЛ ВО ГАЗА: Загина синот на израелски министер

Вонредна состојба на Сејшелите поради голема експлозија (ВИДЕО)

Вонредна состојба на Сејшелите поради голема експлозија (ВИДЕО)

ИНДИЈА БАРА ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА: Се однесува на забраната за увоз на дијаманти

ИНДИЈА БАРА ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА: Се однесува на забраната за увоз на дијаманти